Здружението на граѓани ФРОДЕМ и Внатрешната иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ за утре најавуваат заедничка прес-конференција во Клуб на новинари, со почеток во 13 часот.
Според најавата, се очекува да се пренесат начинот и формата на идното дејствување на ФРОДЕМ, реформаторите и другите внатрепартиски групации, како и нивните ставови за актуелната политичка состојба во Македонија.
ЦМ