Два мобилни тимови на ЦИВИЛ – Центар за слобода и тим на ЦИВИЛ Медиа ќе бидат на терен, во недела, со цел да го набљудуваат спроведувањето на референдумот во Општина Босилово и да ја известуваат јавноста во текот на целиот ден.
На референдумското гласачко ливче ќе бидат поставени две прашања, едното дали граѓаните се „за“ или „против“ отворање на рудникот за бакар и злато – Иловица, и другото, дали се „за“ или „против“ отворање и ископ на метали или металична руда.
Во Босилово има 19 избирачки места, но без конечна верзија од Избирачкиот список за оваа општина. До објавувањето на ова соопштение (1 септември, 14 часот), Општинската изборна комисија сè уште немаше конечна верзија, но го информира ЦИВИЛ дека тој ќе биде готов до крајот на работното време.
ЦИВИЛ и им стои на располагање на граѓанките и граѓаните, кои сакаат да пријават нерегуларности во текот на спроведувањето на референдумот. Пријавите за нерегуларности може да се поднесуваат на тел: 071 / 608 523, 075/389 698 и 075/389 699, а на располагање е и веб- страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности, или преку порака на истоимената Фејсбук страница.
Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација е онлајн аликација достапна на граѓанките и граѓаните во секое време да пријавуваат нерегуларности.
ЦИВИЛ во текот на референдумот ќе ја информира јавноста преку соопштенија, преку прилози на веб-страницата ЦИВИЛ Медиа и преку информации на социјалните мрежи на ЦИВИЛ за резултати од набљудувањето на терен.