Поранешниот македонски амбасадор во САД, Никола Димитров, на Твитер му се обрати на конгресменот Дана Рохрбакер: „Како да го дестабилизирате Балканот? Повикајте на менување на границите… А да покажевте малку основна пристојност, интегритет и одговорност?“.
Рохбакер му одговори дека поделбата е една од опциите: „Велите дека Балканот е стабилен? Јас само му сугерирав на македонскиот народ… Ако не можат да се согласуваат, нека го следат примерот на Чесите и Словаците“,
„Не дека ние немаме проблеми, но сугерирањето на менување на границите е рецепт за катастрофа – тоа не може да се направи мирно“, возврати Димитров.