Иранскиот претседател Хасан Рохани наведе денеска дека напорите на САД да ја неметнуваат нивната политика на другите претставува закана за сè.
Како што јави МИА, минатиот месец Вашингтон соопшти дека се повлекува од нуклеарниот договор со Иран и дека повторно на Техеран ќе му воведе економски санкции.
Рохани, при неговото обраќање на Самитот на Шангајската организација за соработка во Чингдао посочи дека ги цени напорите на Пекинг и Москва за одржување на нуклеарниот договор со Иран.