На листата на приговори за локалните избори 2017 има вкупно 59 поднесени приговори од кандидати за градоначалници, носители на советнички листи и граѓанки и граѓани, според информациите од Државната изборна комисија.
Одлука е донесена за 37 приговори до 11 часот, а останатите се во обработка. Најмногу приговори од граѓанките и граѓаните има во општина Карпош.
Најголемиот дел од приговорите се од кандидати за градоначалници и носители на советнички листи. Крајниот рок за поднесување на приговори истекува на полноќ.
Б.Ј.