• Latest
Од настанот на ЦИВИЛ во Градски парк во Скопје „Граѓан(к)ите за државата или државата за граѓан(к)ите“. Фото: ЦИВИЛ

Рокот за пријавување на семинарот „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ истекува во понеделник попладне

August 10, 2019

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Рокот за пријавување на семинарот „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ истекува во понеделник попладне

Семинарот ќе се одржи на 14 и 15 август, во хотел „Романтик“, на брегот на Велешко Езеро. Рокот за поднесување онлајн пријава за учество на семинарот „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ истекува во понеделник, 17 часот.

August 10, 2019 07:05
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Од настанот на ЦИВИЛ во Градски парк во Скопје „Граѓан(к)ите за државата или државата за граѓан(к)ите“. Фото: ЦИВИЛ

Од настанот на ЦИВИЛ во Градски парк во Скопје „Граѓан(к)ите за државата или државата за граѓан(к)ите“. Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ соопшти дека рокот за поднесување онлајн пријава за учество на семинарот „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ истекува во понеделник, 17 часот. Сепак, организаторите нагласуваат дека е подобро заинтересираните да се пријават што порано, бидејќи е можно бројот да биде пополнет пред истекот на рокот. Семинарот ќе се одржи на 14 и 15 август, во хотел „Романтик“, на брегот на Велешко Езеро.

Специјални гости на семинарот се првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, експертот за финансии, до скоро советник на екс-министерот Тевдовски, активистот за човекови права, Бранимир Јовановиќ, како и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Тие ќе говорат во сесии што се отворени за јавноста, но аудио и видео снимање нема да биде дозволено, со исклучок на сесијата во четврток, 15 август, со почеток во 13:30 часот.

Излагањата на специјалните гости на семинарот ќе бидат добра основа за понатамошни активности на граѓанските организации и градење меѓусекторски партнерства за постигнување на повисока транспарентност и одговорност во политичките процеси на локално и национално ниво.

Меѓу говорниците на сесиите отворени за јавноста ќе биде и Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ кој, заедно со членовите на проектните тимови на организацијата ќе одржи презентации со примери за злоупотреби на јавни ресурси и коруптивно однесување на политичките партии и нивните функционери, како и презентација на проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“. На затворените сесии на семинарот, членовите на проектните тимови на организацијата ќе одржат работилници за стратешко планирање и едукација за различни аспекти на работењето на организацијата во овие чувствителни области.

Поканата за аплицирање и агендата на отворените сесии е достапна онлајн, а за оние што нема да успеат да аплицираат или ќе бидат одбиени поради просторните ограничувања, ќе имаат можност да проследат медиумски содржини на ЦИВИЛ Медиа во кои ќе бидат објавени пораките и информациите што говорниците ќе ги споделат на семинарот.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 


Формулар за пријава
Покана за аплицирање и агенда на отворените сесии на семинарот
Дополнителни информации побарајте на: civil@civil.org.mk или 02/5209 176 (секој работен ден, 9-17 ч.)

фотографија: Б. Јордановска/ЦИВИЛ (од настанот „Граѓан(к)ите за државата или државата за граѓан(к)ите, Градски Парк, 25 јуни 2019 г.)

ЦИВИЛ забрзано се подготвува за семинарот „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“

Share30TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ