• Latest

Романија отвори центар каде што може да обучува украински пилоти за Ф-16 во 2024 година

November 13, 2023

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Романија отвори центар каде што може да обучува украински пилоти за Ф-16 во 2024 година

November 13, 2023 19:28
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Романија, членка на НАТО, денеска отвори меѓународен центар за обука на пилоти од сојузничките земји за управување со борбени авиони Ф-16 (ЕФТЦ), кој ќе биде отворен за сите сојузници и партнери, вклучително и Украина за време на војната против Русија, пишува Кијив индепендент.

Романија има 650-километарска граница со Украина, а конфликтот таму се приближи откако Москва постојано ги напаѓаше украинските пристаништа преку реката Дунав.

Минатата година Букурешт одлучи да купи 32 користени борбени авиони Ф-16 од Норвешка, произведени од американската компанија Локхид Мартин, откако во 2016 година купи 17 од Португалија.

Исто така, Романија има намера да потроши 6,5 милијарди долари за купување на 32 нови авиони Ф-35 по 2030 година.

ЕФТЦ е отворен во базата на романските воздухопловни сили во близина на југоисточниот град Фетешти и користи авиони Ф-16 обезбедени од Холандија, додека поддршка за обука обезбедува Локхид Мартин и неговите партнери.

Центарот би можел да започне со обука на украински пилоти веќе следната година, изјави холандскиот полковник Оливие Бок. „Намерата е, исто така, да се обучуваат украински пилоти“, рече Бок, додавајќи дека романските власти сè уште немаат поставено временска рамка, но обуката би можела да започне „на почетокот на следната година“.

Во август, САД одобрија продажба на дански и холандски авиони Ф-16 на Украина за одбрана од руски напаѓачи откако ќе заврши обуката за пилоти. Украина активно бара Ф-16 за да се спротивстави на руската воздушна супериорност.

„Навистина ја гледам нивната потреба да набават авиони Ф-16“, рече Бок. Иако некои украински пилоти веќе се обучуваат во Данска и во САД, Бок рече дека Романија е „поблиску до нивната татковина и има горе-долу иста средина“.

Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен, која присуствуваше на отворањето на центарот за обука, на прашањето дали Холандија ќе испрати авиони Ф-16 во Украина, рече дека тоа зависи од подготовките на украинската страна.

„Тие треба да имаат обучени пилоти, да имаат персонал за одржување, да имаат подготвена инфраструктура, а ние исто така мора да се координираме со нашиот партнер и со САД бидејќи се работи за американска опрема“, рече таа.

Г. Т.

Tags: Романијатренинг центарУкраинаукраински пилотиФ-16
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ