• Latest

Ромите од „Три багреми“ – жртви на изборни манипулации

November 2, 2016

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ромите од „Три багреми“ – жртви на изборни манипулации

November 2, 2016 17:31
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Жители од ромската населба „Три багреми“ во Прилеп реагираат и се жалат дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ги користи нивните гласови само за избори, неисполнувајќи ги ветувањата за подобрување на условите за живот. Велат дека за секои избори во населбата, доаѓаат локални политичари или претставници од партијата и тоа во голем број, им носат храна, им ги покриваат живеалиштата, „изградени“ од картони, стари теписи и понекоја цигла, а за возврат, го бараат нивниот глас.

„Идат за изборите, сите се тука. Вие гласајте ќе добиете канализација, ќе имате посигурна инсталација за струја… Ништо немаме. Марјан Ристески ни вети, сите ни ветија, сите кои идеа за изборите! Сите идат овде кога ќе им биде најтешко, ќе дојдат, ќе ни донесат вреќа брашно, литар масло, ќе ни донесат и ќе нé покријат, тоа пред изборите го прават. Ама, сега, кога ќе дојде времето, дали Марјан, Никола Груевски, или кој сака нека биде, ќе бараме првин да се зајакне инсталацијата за струјата… Кој ќе ја зајакне инсталацијата, па потоа ние за него ќе гласаме. Ако е ова дива населба, можеше да ни даде место кај војската и Марјан Ристески рече, ќе дојдам во ’Три багреми’, ќе ве посетам. А,  ние му рековме – ’Кога си дошол ти во Три багреми нас да не посетиш, никогаш откако си во изборите’. Ама никогаш не дошол“, вели Анишка Исмаилоска, жител на населбата „Три багреми“ од Прилеп.

Овие луѓе се крајно разочарани од власта, загрижени за својот опстанок и тврдат дека нема да гласаат веќе на следните избори, нема да дозволат да бидат и натаму жртви на изборни манипулации.

„За никого не гласам, дури не ја зајакнат инсталацијата за струја, значи, моите деца да бидат прибрани како што треба… Значи, јас за никого не гласам, ниту за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за СДСМ“, вели Асиме Азизоска (34), жител  на населбата „Три багреми“, мајка на четири деца.

Таа имала проблем и со комплетирање на документацијата за лична карта. Бидејќи се работи е нелегализирана, „дива“ населба. Таа живее во „Три багреми“, а се води како жител на друга населба.

„Жената не можеше да земе лична карта. Зеде имотен лист од кај свекрвата, па едвај… За личната карта се мачеше два месеца“, додава нејзината сосетка Анишка.

Во населбата „Три багреми“ живеат преку 100 семејства, во крајно тешки услови: немаат вода, струја, канализација, улици, немаат елементарни услови за живот! Локалната власт одамна вети и во медиумите дека ќе преземе мерки, но оттогаш изминаа седум години, а нивните услови за живот стануваат потешки. Локалната власт и градоначалникот Ристески ни овој пат не одговорија на новинарските прашања, испратени на службен мејл: кога и дали воопшто ќе се решат проблемите на граѓаните на „Три багреми“, особено, дали ќе им се изградат домови на овие граѓан(к)и – жртви на ветувањата на политичарите од власта за секои избори.

Моника Талеска 

Tags: ВМРО-ДПМНЕизбориизборни манипулацииМарјан Ристескинеостварени ветувањаОпштина ПрилепПрилепРомиТри багреми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ