• Latest
Прес-конференција на  Бујар Османи и Михаел Рот (Фото: Цивил)

Рот: Пратениците побрзо да гласаат за уставни промени, луѓето се нетрпеливи

September 12, 2023
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рот: Пратениците побрзо да гласаат за уставни промени, луѓето се нетрпеливи

September 12, 2023 18:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Прес-конференција на  Бујар Османи и Михаел Рот (Фото: Цивил)

Прес-конференција на Бујар Османи и Михаел Рот (Фото: Цивил)

Share on FacebookShare on Twitter

Германскиот пратеник Михаел Рот на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги повика пратениците во македонското Собрание да гласаат за уставните измени набрзо за земјата да го продолжи својот пат кон Европската унија. Рот кажа дека тоа не е само наш интерес, туку интерес и на ЕУ.

Сега имаме предлог што е на маса и што мора да се примени, не за овде да се подобри ситуацијата на малцинствата, туку да се постигне пробив за Северна Македонија на патот во правец на Европската унија. И мораме темпото да го забрзаме. Луѓето во оваа земја се нетрпеливи, но тоа не е само во ваш интерес, тоа е и во наш интерес. Не можеме да си дозволиме и во друг регион да има нестабилност. Сега е потребна јасна определба за држење заедно и за европеизација во Западен Балкан. Затоа мојата порака е многу јасна, рече германскиот пратеник.

Според Рот, едно прашање е важно, а тоа е како можеме да придонесеме за блокадите да се надминат и конечно да зборуваме за она што им е најважно на луѓето во земјата: демократијата, борбата против корупцијата, владеење на правото, благосостојба, слобода, помирување…

И затоа ве молам мои колеги и колешки тука во Собранието дадете го својот придонес за неопходната уставна примена не кога било, туку во брзо и по можност да добие двотретинско мнозинство и потоа повторно може да се карате за ова или за она и да разговарате, истакна Рот.

Се надевам, кажа тој, дека нашите сигнали за солидарност и за држење заедно навистина ќе бидат разбрани од сите за да може навистина во центарот на нашата работа да дојдат работите кои се важни, а тоа се уставните промени.

Никој во Брисел, никој во Софија, никој во Берлин, никој во Париз нема право да одлучува за вашиот идентитет, култура и традиција. Тоа го одлучуваат луѓето во вашата земја сосема сами. Северна Македонија е пример за мултиетницизам, каде вашиот министер прво зборува на македонски, па на албански јазик. Тоа за вас е нешто што се подразбира, рече Рот.

За планот со шест точки што го презентираше во Собранието, рече дека не знае дали тој ќе биде прифатлив за другите земји, но рече дека неговата Влада е за повеќе можности и да се тргнеме од политиката на едногласност.

Рот зборуваше и за Украина посочувајќи дека во време на војна држењето заедно е најважното.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција потенцира дека не треба да заборавиме дека уставните измени ќе доведат до отворање на третото и четвртото поглавје.

Германскиот пратеник денеска учествуваше на конференција во Собранието и имаше средби со пратеници.

Tags: ЕУМакедонијаОсманиРотуставни изменичленство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ