• Latest
По воена операција на Азербејџан во Нагорно-Карабах, бран протести и немири избувнаа низ Ерменија со барања владата на Пашинјан да поднесе оставка Фото: Гуидхал

Руската ФСБ директно вклучена во дестабилизацијата на Ерменија со цел да ја собори владата на Пашинјан

October 5, 2023

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руската ФСБ директно вклучена во дестабилизацијата на Ерменија со цел да ја собори владата на Пашинјан

October 5, 2023 12:02
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, СВЕТ, ТОП 5
По воена операција на Азербејџан во Нагорно-Карабах, бран протести и немири избувнаа низ Ерменија со барања владата на Пашинјан да поднесе оставка Фото: Гуидхал

По воена операција на Азербејџан во Нагорно-Карабах, бран протести и немири избувнаа низ Ерменија со барања владата на Пашинјан да поднесе оставка Фото: Гуидхал

Share on FacebookShare on Twitter

Руската Федерална служба за безбедност е директно вклучена во дестабилизацијата на Ерменија со цел да ја собори владата на земјата, објави новинската агенција Гилдхол, повикувајќи се на извор во една од европските разузнавачки служби.

Според изворот, во напорите се вклучени неколку единици на ФСБ, како и посебна група која била распоредена во Ереван за да ја координира операцијата на теренот.

Тимот е предводен од Роман Ромачев, оперативец на ФСБ, кој е експерт за таканаречените активни мерки (мисии за малигни влијанија) и работи под закрила на предната компанија, приватната разузнавачка агенција R-Techno. Меѓу другото, групата има задача да организира и координира антивладини протести со кои се бара оставка на владата на Никол Пашинјан, да обезбедува информативна поддршка за протестите преку платформите на социјалните медиуми, како и да организира провокации со цел да ги радикализираат демонстрантите.

Како што беше објавено претходно, откако Азербејџан спроведе блиц воена операција во Нагорно-Карабах, бран протести и немири избувнаа низ Ерменија со барања владата на Пашинјан да поднесе оставка.

За возврат, премиерот Никол Пашинјан даде изјава дека синот на поранешниот претседател Роберт Кочарјан, Левон, за кој се верува дека е „близок пријател“ на Владимир Путин, стои зад масовните протести.

Како што јави Armenia Today, шефот на ерменската влада им наредил на членовите на неговиот тим да ги известат меѓународните партнери дека руските разузнавачки агенции подготвуваат државен удар во неговата земја.

Исто така, откако се појавија извештаи дека руското разузнавање поставило основа за државен удар, Никол Пашинјан го разреши претседателот на претседателската гарда, Саркис Ховханисјан, само четири месеци по неговото назначување.

Предходно, во септември, во Ерменија беа уапсени прорускиот блогер Мика Бадалијан и новинарот на Спутник Ерменија Ашот Геворкјан под сомнение за нелегална трговија со оружје, соопшти портпаролот на Истражниот комитет Гор Абраамјан, објави Радио Свобода.

Портпаролот прецизираше дека Бадаљан и Геворкјан биле приведени во Сјуничкиот регион на 6 и 7 септември. Вкупно седум лица биле приведени во случајот со нелегална трговија со оружје.

Државната руска медиумска групација Росија Сегодња, чиј дел е Спутник Ерменија, исто така објави дека го следи притворот на Геворкјан и „очекува почитување на сите процедурални норми“ кои ги оцени како можние провокации насочени кон поткопување на пријателството меѓу „братските народи“ на Русија и Ерменија кои мора веднаш да се прекинат“.

Претходно, премиерот на Ерменија Никол Пашинјан го критикуваше рускиот мировен контингент во Нагорно Карабах, наведувајќи дека не ја исполнува својата задача, а исто така изјави дека зависноста на Ерменија од само една земја, а тоа е Русија, е „стратешка грешка“. Според политичарот, самата Русија го напушта Јужен Кавказ. Тој нагласи дека ниту една од западните сили за кои зборува Русија не го турка Ереван да раскине со Москва.

Драган Мишев

Tags: влададестабилизацијаЕрменијаНикол Пашинјанруска ФСБ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ