Во Вилнус од 11 до 12 јули се одржа Самитот на НАТО на кој учествуваше и украинската делегација на чело со претседателот Володимир Зеленски. Споед резултатите од првиот ден од Самитот, беше искажан договорен став на земјите-учеснички: Украина ќе биде примена во НАТО по скратена постапка, односно без спроведување на Акциониот план за членство. Беше усвоена и одлука за пакет политичка и практична поддршка за Украина и за создавање на Советот НАТО-Украина; првата средба се одржа на 12 јули.
Во пресрет и за време на Самитот, руската пропаганда го нападна информативниот простор со фалсификати и манипулации за да ја поткопа довербата меѓу партнерите, пишува ЦИВИЛ медиа во анализата „Топ 5 руски фалсификати за самитот на НАТО во Вилнус“.
Лажно: Најпопуларните британски изданија го игнорираа Самитот на НАТО и учеството на украинскиот претседател Володимир Зеленски на него.
Руските Телеграм канали и про-Кремљ корисници на Телеграм дистрибуираа избор на фотографии од првите страници во популарните британски публикации на 12 јули, а најпопуларна тема беше секс скандал во кој беше вмешан новинар на Би-Би-Си. Ова беше причина уште еднаш да се изјасни дека „Западот е уморен од Украина“.
Факт: изборот ги вклучува таблоиди The Sun, Daily Mirror, Daily Star и други публикации кои традиционално ја претпочитаат „жолтата“ тема. Наместо тоа, најпопуларните и најавторитативните општествено-политички медиуми „Тајмс“, „Индипендент“, „Дејли телеграф“ и „Гардијан“ посветија обемни материјали на Украина и на Самитот на НАТО, а три од нив објавија за овие написи на насловната страница.
Д. М