• Latest

Руски поглед: Груевски на власт – тоа се загарантирани чад и хаос!

May 10, 2017

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Руски поглед: Груевски на власт – тоа се загарантирани чад и хаос!

May 10, 2017 10:28
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот портал „Пешчаник“, во превод од руски јазик на Хаим Морено, деновиве ја преобјави колумната/анализа „Владимир Македонски“ на рускиот автор Виталиј Портников, првпат објавена само ден по крвавите настани во македонското Собрание, на 28 април 2017, на рускиот портал „Грани“ („На работ“). Анализата ја објавуваме во целост, во превод од српски јазик.

Кон крајот на април (поточно, на 27) група македонски „национал-душегрижници“ насилно влезе во парламентот и сурово ги претепа народните претставници на новоизбраното мнозинство, на чело со новиот претседател на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. Овој пуч – на прв поглед спонтан, а всушност, одлично организиран – требаше да ја прекине работата на македонскиот парламент и да му овозможи на експремиерот Никола Груевски, галеничето на Кремљ, враќање на власт.

За појасна слика на овој настан, на рускиот читател би било неопходно да му се посочат барем неколку моменти од поновата македонска историја. Груевски ја загуби власта за време на политичката криза која веќе подолг период сериозно ја тресе Македонија. Таа беше предизвикана со низа последователни скандали, пред сè, во врска со основаното сомневање за масовно прислушување на политичките опоненти и независните новинари, ширум Македонија, традиционално најомилениот спорт на политичарите на власт на целото постсоветско пространство, а изгледа, и на Балканот. Во оваа малечка земја власта била заинтересирана за што разговараат, ни помалку ни повеќе – туку 20.000 граѓани, а со тајната служба која била одговорна за оваа работа, раководел близок роднина на тогаш актуелниот премиер Груевски

Под притисок на Запад и на домашната јавност, Груевски поднесе оставка и распиша вонредни парламентарни избори. Во изборната трка тој финишираше прв, победувајќи ги своите противници и буквално – за влакно. Освои само едно пратеничко место повеќе од СДСМ. И на прв поглед, сè беше во ред. Со своите стари албански коалициони партери, Груевски требаше без проблеми да формира нова влада. Меѓутоа, се случи беља: неколку личности од албанскиот дел на коалицијата, се спротивставија на формирање на влада со овој авторитарен политичар. Тогаш, Груевски одеднаш се сети дека, всушност, е националист и почна да ги плаши граѓаните со албанизација на Македонија.

Тогаш, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој се смета за „џебен претседател“ на Груевски, реши на лидерот на опозицијата Зоран Заев да не му го даде мандатот за формирање на нова влада. Свесен дека тоа е противзаконски, Иванов својата постапка ја правдаше со „повисоки национални интереси на Македонците“. А Груевски, веднаш по посетата на рускиот амбасадор во Скопје, директно од скалилата на амбасадата, ги повика граѓаните на нови вонредни парламентарни избори. Кога ненадејните, лути поддржувачи на вонредните избори, видоа дека парламентарното мнозинство им ја одбива послушноста – упаднаа во парламентот за насилно да ја оневозможат неговата работа.

Македонскиот случај ни помага да ја забележиме разликата меѓу Мајдан и таканаречениот Антимајдан. Мајдан е апел до општеството за примена на парламентаризмот, при што, од парламентот се бара да ја почитува волјата на граѓаните. Затоа, двете востанија во Украина завршија во салата на парламентот, а не на барикадите. А Антимајдан се труди да ја поткопа довербата на јавноста во парламентаризмот, да посее хаос и раздор и на некој следен „спасител на татковината“, да му го олесни доаѓањето на власт. Името и презимето на „спасителот на Македонија“ го знаеме: Груевски, кој еден ден по инцидентот (28 април 2017) се врати од Виена, блажено ширејќи околу себе миротворно расположение.

Читателот, се разбира, со чудење може да се за праша – а што ќе му е на Путин, некојси таму Груевски? Земјата е малечка, без заеднички граници со Русија… А јас се прашувам, што ќе му е на Путин еден Додон (Игор, претседател на Молдавија – н.з.)? Или Хаџимба (Раул, претседател на Република Абхазија – н.з.)? Или Бибилов (Анатолиј Илич, претседател на Јужна Осетија)?

И, на крајот на краиштата, за што му беше потребен еден Јанукович (Виктор, експремиер на Украина – н.з), кој како што добро се сеќаваме, упорно тежнееше да ја освои власта во Украина и притоа, непрекидно ги покажуваше и (докажуваше) исклучително скромните граници на своите потенцијали…

Одговорот на тоа прашање е прост. На авторитарниот владетел му се нужни марионети, случајни  минувачи кои ќе му помагаат да ја сочува власта. Контролата над Македонија може да биде уште едно брвно на кое ќе се судрат двата јарца, уште еден повод за егзибиционо одмерување на силите на Русија со Запад. Потоа, тука е и присуството на границата со Косово, местенцето на географската мапа на Европа кои не би било лошо да се минира и така, повторно да се заигра со нервите на Европејците и Американците. Па, потоа, тука е и резервната варијанта за уште некој (повторно јужен) гасовод, како причина непослушната Бугарија театрално да се игнорира.

И на крајот, Груевски на власт – тоа се загарантирани чад и хаос, а Путин изгледа моќно само замаглен со чад.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаВладимир ПутинЗападизбориМакедонијаНикола ГруевскиопозицијаСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ