• Latest

Рускоска: Со ништо не е нарушено правото на одбрана на обвинетите

September 25, 2018
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рускоска: Со ништо не е нарушено правото на одбрана на обвинетите

September 25, 2018 14:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Судењата можеби се чини дека траат предолго, но во месец септември само шест рочишта се закажани, а со оглед на обемноста на предметот и доказниот материјал сметам дека тогаш ќе имаше приговори дека многу долго трае постапката, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Рускоска, одговарајќи на новинарски прашња на паузата на судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.

– Не е точно дека рочиштатат траат 13 часа. Го следите судењето и знаете дека има и долги и големи паузи. Сметам дека со ништо не е нарушено правото на одбрана на обвинетите. Напротив, бидејќи сите до еден се изјаснија дека не се виновни, сметам дека е во нивни интерес што побрзо да заврши постапката, како би можеле евентуално да бидат ослободени, рече Рускоска.

Во однос на приговорите за делото, кое им се става на товар на обвинетите, и можноста за преквалификација, Рускоска рече дека од поведување на истрагата се работи за истото кривично дело.

– Никој никогаш не беше обвинет за тероризам. Пред донесување наредба за спроведување на истражна постапка предметот со доказите беше рефериран пред комплетниот колегиум на Јавното обвинителство на Република Македонија, како и пред колегите на вишото јавно обвинителство, на проширен колегиум. Сите до еден застанаа на мислење дека се исполнети сите елементи на ова кривично дело, рече Рускоска.

Прашана дали се чувствува безбедна, обвинителката Рускоска, кусо и отсечно одговори со да.

Посочи дека обвинителството има задача да се утврди фактичката состојба и единствена цел е правилно утврдување што навистина се случило тој ден и кој е одговорен за случувањата.

Прашана до каде е постапката за нарачателите на овој случај, Рускоска, изрази надеж дека ќе има, но посочи дека се уште се во предистражна постапка.

Во однос на информациите дека како сведок од одбраната е повикан Никола Груевски, Рускоска, рече дека ако сметале дека треба да биде повикан, ќе го повикале, но тој реално не бил ниту во државата на тој ден.

Претседателот на судечкиот совет Добрила Кацарска, пред почетокот на судењето кажа дека во однос на реакциите за траењето на судските рочишта, тоа е поради економичност на судскиот процес и согласно конвенцијата на европскиот суд за човекови права, која голем акцент става на правото на судење во разумен рок.

За случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници и граѓани. (МИА)

Tags: 27ми априлВилма РускоскаДобрила КацарскаКривичен Суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ