• Latest
Фото: Укринформ

Руското ракетирање на Одеса: Обид за атентат врз Зеленски или коинциденција?

March 8, 2024

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руското ракетирање на Одеса: Обид за атентат врз Зеленски или коинциденција?

March 8, 2024 14:53
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Утрото на 6 март Русија ја нападна Одеса за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Предупредувањето за опасност беше проследено со експлозии. Воздухопловните сили соопштија дека Русија истрелала балистички ракети кон Одеса.Есен проектил на окупаторите експлодирал на само 500 метри од лидерите на Украина и Грција, објави во средата ЦИВИЛ Медиа.

„Го видовме овој удар. Знам дека денеска има жртви. Има мртви и ранети“, рече Зеленски.

Мицотакис, пак, истакна дека во моментот на експлозијата бил со украинскиот претседател на пристаништето.

„Бевме на пристаништето. Претседателот Зеленски и неговиот тим ни ја објаснија важноста на пристаништето и ни кажаа што се прави за негово обновување. Особено, видовме каква штета е направена на пристаништето со нападите. На крајот од посетата слушнавме сирена за воздушен напад и силни експлозии околу нас. Ова е импресивно искуство, јасно е дека оваа војна влијае на сите и не поштедува никого“, рече Мицотакис.

Фото: Укринформ

Русите ја гаѓаа пристанишната инфраструктура на Одеса. Пет лица загинаа, според портпаролот на украинските поморски сили. Зеленски и Мицотакис не беа повредени, пренесува Ukrainian world congress.

„Тоа се воени, цивилни, меѓународни гости – за овие луѓе тоа не е важно. Или го изгубиле умот, или немаат контрола врз акциите на нивната терористичка армија. Треба да се браниме пред се. Најдобар начин да се направи тоа е со систем за противвоздушна одбрана“, рече Зеленски.

Грчкиот премиер одговори дека Зеленски му го покажал уништувањето во Одеса предизвикано од руските напади. Подоцна слушнале сирени за воздушен напад.

„Набргу потоа, додека влегувавме во нашите автомобили, слушнавме голема експлозија. Мислам дека тоа за нас е најдобриот, најживописниот потсетник дека овде се води вистинска војна. Секој ден има војна, која не само што го погодува фронтот, војниците, туку ги погодува и нашите невини сограѓани“, изјави Мицотакис.

Неколку часа по нападот, грчкиот весник „Прототема“ објави дека Русите се обиделе да ја погоди колоната на Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со делегација од Грција, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис, пренесува Визит Украине тудеј. Според грчките медиумите, експлозијата се случила кога Зеленски бил на 150 метри од грчката делегација.

Обид за атентат или коинциденција?

Според Наталија Гумењук, портпаролка на Јужните одбранбени сили, Русија продолжува да ја напаѓа пристанишната инфраструктура, како што е типично за терористичка земја. Сепак, таа нагласи дека нападот на градот од 6 март никако не е поврзан со „конкретна посета“, пренесува

Воените експерти, исто така, се согласуваат дека најверојатно станува збор за коинциденција, бидејќи меѓународните кодови не дозволуваат убиство на непријателски водачи, а самата посета била ненајавена. Меѓутоа, со оглед на непочитувањето на меѓународното право од страна на Русија и правилата за војна, таков обид за атентат можеше да биде сосема можен.

Извори на ABC News тврдат дека е малку веројатно Зеленски да бил целта; Наместо тоа, окупаторите најверојатно лансирале проектили кон нивните „вообичаени“ цели.

Патувањето на Зеленски не беше објавено пред средата, но неговата локација беше позната во моментот кога проектилот ја погоди неговата локација.

Извор од администрацијата на Бајден изјави за ABC News дека се чини дека Зеленски не бил цел на рускиот ракетен напад во Одеса, но рече дека тоа е секако многу опасен и непромислен напад.

Нападот беше „уште еден потсетник за тоа како Русија продолжува да ја напаѓа Украина непромислено секој ден и за итните потреби на Украина, особено за пресретнувачи за воздушна одбрана“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на САД.

Драган Мишев

 

Tags: Володимир ЗеленскиКиријакос МицотакисОдесаруски ракетен напад
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ