• Latest

Сѐ, само не Европска Унија

April 2, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Сѐ, само не Европска Унија

April 2, 2026 07:01
in ES-PRESS-O, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Во политиката, велат, конкуренцијата е здрава. Освен кога не е.

За што се работи? Во Северна Македонија, најголемата конкуренција на Димитар Апасиев и неговата отворено проруска Левица не е некоја друга маргинална проруска група. Тој в заби ја носи партијата на Јанко Бачев, поранешен началник во Управата за безбедност и контраразузнавање, кој дури и името на својата минијатурна партија го смени за да биде превод на името на партијата на неговиот идеолошки лидер и спонзор – воениот злосторник Владимир В. Путин.

Бачев и сличните на него не можат ни да сонуваат да ѝ се приближат на Левица според успехот на политичкиот пазар во земјата, кога се работи за исполнување на главната мисија на партијата – служење на интересите на Кремљ. (Личните интереси, се разбира, секогаш се подразбираат.)

Па кој може да биде тоа? Кој тоа целосно го засенува Апасиев во изминативе неколку години, без оглед на сета хистерија што т.н. Левица ја шири во јавниот и политичкиот дискурс? (Патем, Левица е мисномер, односно носи лажно име – тоа е, всушност, ултрадесничарска партија.)

Значи, не мора многу да се трага по главната конкуренција на Левица кога се работи за исполнување на кремљовската агенда.

Тоа е Христијан Мицкоски.

Иронијата е неподносливо очигледна. Апасиев вреска со години. Мицкоски тивко – но далеку поефикасно – работи. Додека едниот продава идеологија, другиот – користејќи ја својата позиција во партијата и премиерска функција – испорачува резултати.

А тие резултати стануваат сѐ поочигледни: постепено оддалечување од Европската Унија, националистички популизам и ширење лаги, засилување на авторитарниот порив и постепено вовлекување во орбитата на Кремљ.

Со други зборови – Апасиев зборува за тоа. Мицкоски го спроведува. И затоа, ако зборуваме за вистинска политичка тежина, влијание и „испорака“ – Левица има сериозен проблем. Не со своите противници, туку со својот најуспешен конкурент.

Тоа е конкурент што ја игра истата игра – само подобро, потивко и поопасно. И од позиција на власт што ја практикува во стилот на „најдобрите“ денови на режимот 2006-2017.

Како и да е, целта им е иста: Сѐ, само не Европска Унија.

 

П.С.

Овој текст претставува личен став и вредносен суд. Двајцата спомнати во текстот во своите биографии имаат ставка дека ме тужеле за клевета – постапки што за мене претставуваат сериозно финансиско оптоварување и закана за правото на слободно изразување.

Дополнително, партиски тролови со години упатуваат закани, додека самите протагонисти повеќепати лично и јавно ме напаѓаат на социјалните мрежи, поттикнувајќи бранови омраза и притисок.

Но јавниот интерес е поважен од сето тоа. Јас едноставно го остварувам своето право на слободно изразување.

 


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ