Соединетите Американски Држави остро го осудија ракетниот напад на Русија врз пристаништето Одеса, по потпишувањето на договорот за дозволување на украинскиот извоз на жито, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен во објава на Твитер, пренесува Укринформ.
„САД силно го осудуваат денешниот напад на Русија врз пристаништето Одеса. Тоа ги поткопува напорите да се донесе храна за гладните и кредибилитетот на обврските на Русија кон договорот финализиран вчера за да се дозволи украинскиот извоз“, објави Блинкен.
The United States strongly condemns Russia’s attack on the port of Odesa today. It undermines the effort to bring food to the hungry and the credibility of Russia’s commitments to the deal finalized yesterday to allow Ukrainian exports.
— Secretary Antony Blinken (@SecBlinken) July 23, 2022
На 23 јули, руските сили го погодија Комерцијалното поморско пристаниште Одеса со крстосувачки ракети Калибр. Два проектили беа соборени од украинските сили за воздушна одбрана. Два други проектили ги погодија инфраструктурните објекти на пристаништето.
На 22 јули, по квадрилатералниот состанок на Украина, Турција, ОН и Русија во Истанбул, беше потпишан договор за дозвола за извоз на жито и други прехранбени производи од пристаништата во Украина.
Договорот го потпишаа министерот за инфраструктура Олександар Кубраков во име на Украина, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во име на ОН и министерот за одбрана Хулуси Акар во име на Турција.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го потпиша договорот во истиот формат во име на Русија.
Според договорите потпишани во Истанбул, се планира транспорт на украинско жито за извоз преку украинските пристаништа Одеса, Пивденњи и Чорноморск. Обновувањето на извозот на земјоделски производи од украинските пристаништа може да донесе 1 милијарда долари приход од странска валута секој месец.
Подготви: Д.Мишев