• Latest

САД предупредуваат на раѓање на нова „оска на злото“ со учество на Кина и Русија

March 21, 2024
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД предупредуваат на раѓање на нова „оска на злото“ со учество на Кина и Русија

March 21, 2024 12:18
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на Индо-тихоокенската команда на воените сили на САД Џон Акилинo изјави дека еволуцијата на односите меѓу Пекинг и Москва „во значајна мерка“ укажува на тоа дека сегашната ситуација станува „најопасна“ од сите шти ги набљудувал во своиtе 40 години служба.

Тој укажа и дека Кина гради таква воена моќ со големина досега невидена уште од Втората светска војна.

-Соработката на тие две авторитарни држави ќе не стави во сосема нова позиција во однос на безбедноста, изјави Џон Акилино на сослушувањето синоќа пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, пренесува МИА.

-Ми се чини дека тоа е нивен начин на борба со ширењето на алијансите на САД и партнерите со нашите сојузници кои го делат нашето мислење во регинот. На тој начин тие ни се спротивставуваат, изјави тој.

А со оглед на раширената соработка со Северна Кореа и Иран, кои се вклучени со снабдувањето на Русија со оружје за војната во Украина, „тоа треба да го загрижи целиот свет“, додаде Акилино.

Претставници на Пентагон многупати досега правеа разлика меѓу Кина и Русија, со тоа што растечкиот воен потенцијал на Пекинг беше именуван како предизвик, а Русија и нејзините дејствија како закана.

Но односите меѓу Кина, Русија, Северна Кореа и Иран Акилино ги окарактеризира како совпаѓачки и како „оска на зло“ во раѓање.

-Ние треба да реагираме на соодветен начин, изјави тој.

Помошникот министер за одбрана задолжена за безбедноста во Индо-тихоокенскиот регион, Ели Ратнер, имаше слично мислење. Според неа, настаните во Европа и Индотихоокеанскиот регион сѐ повеќе стануваат поврзани.

-Многу важно е да се истакне дека подршката за Украина ќе помогне во зацврстување на задржувањето во Индотихоокеанскиот регон. Тоа ќе покаже дека насилства слични на овие имаат своја цена и последици и дека слободниот свет ќе се обедини.

Акилино истакна и дека Кина гради таква воена моќ со размери досега невидени од Втората светска војна и дека до 2027 година ќе биде спремна да изврши инвазија на Тајван.

Tags: КинаРусијаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ