• Latest

Самир Бехариќ, Балкан Форум: На Балканот има големо руско влијание, а мирот не е нешто со кое треба да се „коцкаме“

November 24, 2022
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Самир Бехариќ, Балкан Форум: На Балканот има големо руско влијание, а мирот не е нешто со кое треба да се „коцкаме“

November 24, 2022 13:04
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Имам многу пријатели во Македонија, сум бил во Скопје и Охрид, ќе го посетам и Тетово, а менталитетот е многу сличен на нашиот во Босна и Херцеговина, вели во разговор за ЦИВИЛ Медиа, Самир Бехариќ, претставник на иницијативата „Балкан Форум“ во Босна и Херцеговина.

Тој заедно со претставници од голем број земји  учествуваше на дводневната работилница на „Логекс“ која се одржа во Скопје, во врска со предизвиците и можностите кои треба да се применат во земјите од Западен Балкан во однос на транзицијата кон циркуларната економија.

Целта на заедничката работилница беше  да се споделат знаењата за различните теренски практики на Циркуларната економија преку последниот развој во Европа, Америка, Дубаи и да се обидат да ги премостат, или поконкретно да ги внесат овие неверојатни практики во контекстот на Западен Балкан.

Исто така, една од значајните поенти беше значењето циркуларната економија од деловна гледна точка во претприемништвото, имплементацијата на политиките и енергијата. Не само од бизнис (приватен сектор) гледна точка, туку и улогата на владите во овој процес.

Покрај тоа, дискусијата за значењето на обновливите извори на енергија и достапните обновливи ресурси  не само како дел од циркуларна економија, туку и како исполнување на други социјални проблеми, како што е намалувањето на сиромаштијата.

Експертите од најразлични области, претставници на невладини организации од Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија,  покрај главната тема-циркуларната економија, разговараа и за искуствата од нивните земји, тамошната култура, меѓуетничките односи, енергетската криза, ЕУ интеграциите…

Зеленото сценарио не познава религија и етничка припадност

„Пред неколку години донесовме одлука дека ќе ставиме голем фокус на зелената иднина бидејќи во Западен Балкан, пред сè земјата од каде што доаѓам, меѓу ретките теми која обединува и која не прави разлика меѓу различните култури и етникуми се токму прашањата кои се однесуваат на екологијата и заштита на околината“, вели Бехариќ.

Тој додава дека голем број иницијативи дури и протести каде граѓани од различни етникуми се здружуваат со една цел, почиста средина и намалено загадување, против малите хидроцентрали кои го нарушуваат биодиверзитетот на околината, дејствуваат заедно и еднакво, а работатата на „Балкан Форум“ е да го обедини регионот особено на овие теми кои ги засегаат сите земји од Западен Балкан.

„Загадениот воздух нема граници, тој е загаден и цирклуира во секоја земја од Западен Балкан, но и надвор секако, па ги загадува и земјите од Европската Унија, токму затоа „Балкан Форум“ сплоти голем број на активисти, претставници на граѓанскиот сектор, академици, креатори на закони од регионот со цел дискусија и советување на локалните проблеми и изнаоѓање долгорочни решенија“, додава Бехариќ.

Во Западен Балкан ќе се развие енергетски туризам

„Пред извесен период зедов учество на Светскиот форум за демократија во Стразбур, тоа е глобален настан организиран од Советот на Европа на кој присуствуваа 900 претставници од секаде во светот, а една од најзначајните теми на која се дискутираше е безбедноста, не само во Европа поради руската инвазија врз Украина, туку и во целиот свет, а потоа беа хибридните напади и секако енергетската криза и последиците во секоја од земјите, покрај високите цени на енергенсите, тука е и големото штетно влијание на животната средина“, вели тој.

Бехариќ вели дека токму оваа криза ги тера луѓето да бараат алтернативи, па рече дека ние на Балканот можеме да очекуваме и развој на енергетски туризам, па на пример луѓето од Европа ќе доаѓаат во Црна Гора за да можат полесно да ја пребродат зимата бидејќи цените на струјата се пониски, но и температурите се повисоки во споредба со некои северни земји.

„Целокупната глобална ситуација ќе влијае на сите нас и не само оваа зима, туку и во следните шест до девет месеци кога според предвидувањата се очекува војната во Украина да трае, затоа треба да работиме заедно на сите полиња за пополека да ги решиме сите закани заеднички како шест земји од Западен Балкан“, додава тој.

Руското влијание доаѓа преку медиумите

Според него, руската агресија врз Украина веќе влијае на целиот свет, а ќе влијае и во иднина, особено на Балканот каде е познато дека се воделе многу војни и сè уште има конфликти, а руското влијание е особено истакнато во Србија и Босна и Херцеговина, најмногу преку медиумите, дезинформациите на целиот Балкан, што значи руската агресија не е само закана за Украина туку е агресија и врз земјите од Западен Балкан.

„На Русија најголеми сојузници се националистичките политички лидери кои ги има неколку во Западен Балкан и токму затоа треба да сме внимателни, мирот не е нешто со кое треба да се коцкаме исто како и демократијата и токму денеска можеме да видиме дека демократијата не е дестинација и цел, туку е патека која треба да се пешачи секој ден, а војната во Украина ни покажува што во некоја смисла фашизмот може да направи на глобално ниво“, вели Бехариќ.

Не постои подобра алтернатива од ЕУ

Според Бехариќ постои сериозна закана за мирот и безбедноста ако продолжат заканите со бомби во повеќето земји на Западен Балкан, бидејќи постојат политичари кои се коцкаат со мирот и ризикуваат нова војна или конфликт, бидејќи денеска војните може да се водат и без војници, на пример со дронови итн, како и да е затоа главната цел на Западен Балкан треба да е интеграција во НАТО, а исто така не постои и подобра алтернатива од ЕУ,

„Можеби во овие земји има приврзаници на Русија, но сепак тие не одат таму и не мигрираат таму, туку избораат западни земји каде го продолжуваат образованието, работат и ги ценат западните вредности каде се почитуваат човековите права, вредностите, заштитата и правата на секој граѓанин. Ако нашитеземји не се приклучат кон ЕУ, граѓаните сами ќе станат дел од Унијата“, заклучува тој.

Кои се целите на „Балкан Форум“

Иницијативата „Балкан форум“ беше лансирана на првиот годишен состанок одржан на 7-9 февруари 2013 година во Солун, Грција. Форумот собра различни чинители и лидери од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Грција, Косово, Црна Гора и Србија. Над 50 учесници од граѓанското општество, приватниот сектор, академската заедница и владите работеа заедно за да генерираат идеи и иновативни стратегии за продлабочување на регионалната соработка и катализирање на економскиот развој, потпирајќи се на силните страни и компаративните предности на регионот.

Балканскиот форум за регионална соработка е меѓусекторска платформа за унапредување на одржлив и партиципативен развој. Тој го промовира Балканот како ефикасен корисник на ресурси, позелен и поконкурентен регион кој е базиран на соработка и разновидност.

Балканскиот форум цели кон поткрепување на силните страни на регионот и конкурентните вредности на секоја од земјите, цели кон катализација на иновациите и развојот во рамките на демократските вредности и закони. Балканскиот форум се труди да создаде нова визија за Западен Балкан врз основа на економска интеграција, просперитет и одржлив мир.

Што е LogEx?

Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од  Западен Балкан и дијаспората во регионот.

Како разновидна заедница, LogEx работи на решавање на јазот помеѓу високото образование и пазарот за вработување во регионот и го олеснува заедничкото учење и соработка и работи на градење човечки капитал, зајакнување на кружната економија, намалување на невработеноста и миграцијата.

Исто така LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркулатната економија, безбедноста и развива стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат за да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани, но најмногу да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија, бидејќи ова е еден нов концепт кој допрва треба да се развива на Балканот, а сите овие земји имаат сличности околу заедничките цели, но и проблемите со кои се соочуваат и токму затоа се собравме тука за да дискутираме, а покрај организациите беа присутни и претставници од универзитети и експерти во областа.

Соња Танеска/Зелен ЦИВИЛ

камера и монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Балкан форумруска агресијаруско влијаниеУкраинациркуларна економија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ