Самитот на Г7 се одржува во Шлос Елмау, Баварија, Германија, од 26 до 28 јуни 2022 година. ЕУ ќе ја претставуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Самитот на Г7 е можност да се испрати моќен сигнал за единство во овие турбулентни времиња, залагајќи се за напредок, просперитет, мир и безбедност. Од Г7 ќе се испрати пораката дека е потребна „солидарност и блиска соработка за да се ублажат последиците од руската војна против Украина“ – се наведува во информацијата на веб страницата на Советот на Европа, на која се достапни и деталната агенда и основни информации за самитот.
Седумте работни сесии на самитот ќе се фокусираат на темите: глобална економија, партнерства за земјите во развој, надворешна и безбедносна политика, одржливост, безбедност на храната, мултилатерализам и дигитална трансформација.
Германското претседателство ги покани и лидерите од Аргентина, Индија, Индонезија, Сенегал и Јужна Африка да учествуваат на неколку работни сесии за време на самитот.
На крајот на самитот се очекува лидерите да усвојат лидерско коминике.