Граѓан(к)ите во Скопје со поделени мислења на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, што мислат за тоа дали Македонија треба да биде дел од евроатланските процеси.
„Македонија е стара држава, а за името ќе биде како што сака Западот. Јас сум против тоа Македонија да влезе во ЕУ, бидејќи обичниот човек нема да има никакви придобивки освен политичарите“, вели еден граѓанин.
„Апсолутно сум за влез во ЕУ, бидејќи тоа глобално семејство ќе ги доведе во ред работите и ќе ги искорени нашите навики. Треба да мислиме прогресивно и да гледаме само напред“, додава друг граѓанин.
„Не треба Македонија да влезе во ЕУ, треба да биде со Русија“, категоричен е еден граѓанин.
Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска