Институционална соработка за решавање на безбедносните прашања и заедничка позиција во борбата против екстремизмот и тероризмот – се целите на средбата на шефовите на дипломатиите на четирите балкански земји – Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, што на 4 и 5 октомври, според најавите, ќе се одржи во Солун.
Дипломатската средба ќе се одржи на иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас. Таа е продолжение на веќе воспоставените контакти меѓу шефовите на дипломатиите на земјите од јужен Балкан на Генералното собрание на Обединетите Нации, што од 18 до 22 септември се одржа во Њујорк.