• Latest

Шилегов: Бојкотирањето на наставата е политички мотивирана иницијатива

December 14, 2017

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шилегов: Бојкотирањето на наставата е политички мотивирана иницијатива

December 14, 2017 15:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска оцени дека е политички мотивирана иницијативата на Фејсбук преку која родители најавуваат дека нема да ги пуштаат децата на училиште во знак на револт од загадувањето во Скопје.

„Моето лично мислење е дека во добар дел т.н. иницијатива на граѓаните е евтин политички блеф на ситно популистичката политика што ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а чии што стравични последици по нашето здравје ги чувствуваме токму сега. Моите информации се дека е политички мотивирана со цел да се дискредитираат и локалната и централната власт во борбата против загадувањето“, рече Шилегов одговарајќи на новинарски прашања, пред денешната дискусија за развивање интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот, во рамки на проектот за УСАИД за граѓанскло општетсво.

Прашан за можноста за предвремено почнување на зимскиот распуст на учениците, Шилегов посочи дека тоа не е во негова надлежност, но оти како градоначалник е подготвен да ги преземе сите активности кои ќе можат да придонесат за заштита, пред сѐ, на децата.

Како што наведе, Град Скопје веќе работи и се очекува во текот на јануари дел од средните училишта да бидат со прочистувачи на воздух во училниците со што училиштата би биле поздрава средина за децата. Според него, Скопје плаќа сметка за повеќедецениската целосна несериозност и негрижа за здравата животна средина.

„Градењето насекаде и на секој можен начин, масовното уништување на зеленилото особено во централното градско подрачје, некреирањето политики и стратегии во изминатиот период е данокот кој го плаќаат граѓаните за жал во средината во која што живееме“, оцени Шилегов.

Зборувајќи за мерките што се преземаат против загадувањето потсети дека на акцијата што е почната за чистење на Скопје, како и дека се работи на нов концепт за јавен превоз, на усогласување на деталните урбанистички планови на општините со генералниот урбанистички план за да може, како што потенцира, да се стопира дивеењето во градбата.

„Има работи кои се направени со неповратна штета. Сопрен е протокот на воздухот“, наведе Шилегов, апелирајќи загриженоста кај граѓаните да се канализира во вистинска насока со промена на животните навики кај секој поединечно.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули порача дека е неопходен интегриран и координиран пристап на сите чинители од сите сектори заедно со идеите на граѓанските организации, но и со однесувањето на тие организации и на граѓаните воопшто. Побара партнерски однос и заедничка координирана акција во справувањето со загадувањето.

„Отворени сме кој било предлог што ќе може да помогне да го вклучиме и соодветно да буџетираме“, рече Макрадули.

Според Едвард Гозналес, директор на канцеларијата за развој на УСАИД, загадувањето е комплексен проблем кој бара мултидициплинарен пристап.

Македонија и Скопје пред се, се многу загадени гледајќи го европското ниво, но има градови во светот коишто се уште позагадени и можеме да ги слушнеме нивните искуства и да научиме од нивните примери со цел сите заедно, претставниците на општинските власти и на граѓанското опшетесво да најдат практични и ефективни решенија“, рече Гонзалес.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: загадувањеПетре ШилеговСКОПЈЕУСАИД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ