• Latest

Што има Мицкоски да каже за изборите?

March 6, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Што има Мицкоски да каже за изборите?

March 6, 2018 13:33
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема причина да се враќа модел кој претходно бил надминат, затоа што бил лош. Државната изборна комисија претходно беше окупирана само од партиски војници, а потоа беше реформирана, повторно неуспешно, бидејќи оние што беа партиски претставници, ја тераа само партиската агенда, а независните експерти и не излегоа баш најнезависни. Воедно, видовме едно флагрантно, грубо кршење на гласачкото право. ДИК во изминатите два изборни циклуси беше институција која, наместо да ги брани гласачките права, беше институција која ги кршеше гласачките права. Почнувајќи од сѐ што се случуваше со Избирачкиот список, завршувајќи со приговорите и жалбите и сите други проблеми кои го придружуваа ова највисоко државно тело за спроведување на изборите.

Пишува: Џабир Дерала

Алармантно е тоа што повторно гледаме политички разговори меѓу лидери на партии, наместо да се согледаат суштинските потреби за усогласување на практиките со уставните и законските одредби. Таму каде што законските одредби го кршат Уставот и потребните стандарди за слободни избори во слободна и демократска земја, тие, едноставно, треба да се променат. Ние во овој момент повторно гледаме разговори меѓу партиски лидери. Но, што има Мицкоски да каже за изборите? Гледаме обид да се одоброволи лидер на партија која 11 години го кршеше Уставот и законите, спроведуваше нерегуларни избори, изборни кражби, структурно насилство, корупција… Апсурдно! Премиерот го одоброволува токму тој партиски лидер и му дава отстапки кои се, едноставно, неприфатливи.

Гледаме решенија кои се на повидок, кои едноставно немаат никаква допирна точка со она што ние го очекуваме како јавност, како општество, за да се обезбедат слободни избори – навистина слободни избори. Значи, имаме ситуација во која Државната изборна комисија покажува дека е подложна на политизација, корупција и злоупотреби на јавните пари, склона е кон тоа да троши пари за патни трошоци колку што се доволни да се отиде до месечината и назад, гласачкото право е повредено, а целиот изборен процес е загрозен. Но, тие прашања се решаваат во разговор меѓу двајца лидери. Тоа не може да биде добро решение.

Се зборува за решение во кое шест месеци пред изборниот процес ќе биде назначена ДИК со претставници од политичките партии. Тоа е целосно неприфатливо, бидејќи е политика на ставање пред свршен чин. Што ако тоа решение се покаже како неуспешно? Вие не ќе можете да менувате ништо, бидејќи шест месеци пред избори тоа не се прави. И повторно ќе имаме ситуација во која јавноста, гласачите, граѓанките и граѓаните, се ставаат пред свршен чин, во рацете на партиски солдати. Никој не ни гарантира дека тие нема да ги слушаат партиските лидерства и кујни, дека нема да спроведуваат политики кои се спротивни на интересите на граѓанките и граѓаните, спротивни на помалите заедници, помалите политички партии и помалите иницијативи. И повторно имаме ситуација во која изборниот процес, уште во овој момент со ваквите разговори, се доведува во сериозно прашање.

ДИК треба да се професионализира, а партиите треба да излезат од државната изборна комисија. Во моментов, во стручните служби има фантастични професионалци, кои можат да го водат ова тело без никаков проблем, кои нема да дозволат мешање на политичките партии. Тоа треба да биде професионално тело, со намален број членови и со процедури кои ги намалуваат можностите за корупција. Тоа треба да биде тело кое ќе се занимава со словото на законот, со уставното право на граѓанките и граѓаните, правото на глас. Ништо повеќе!

Мора да се разбере и запомни дека државата е должна да обезбеди максимални услови за слободно гласање. Тоа е улогата на Државната изборна комисија, а не да биде клуб на прескапо платени партиски војници. Фала многу, пријатно!

Tags: гласачко праводемократијаДИКЗаевизбориКорупцијаМицкоскиСлободни избори
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ