Полицајците и останатите вработени припадници на Министерството за внатрешни работи на Словенија денеска почнаа штрајк, со барање за зголемување на платите за околу 15 отсто, што е прв во бранот штрајкови во јавниот сектор кои се најавени за оваа недела ккао средство за зајакнување на притисокот врз Владата.
Штрајкот на полицајците ќе трае се додека нивните барања не се исполнат, соопшти претседателот на Синдикатот на полицијата на Словенија (ПСС), Радивој Урошевиќ.
Тој додаде дека полицајците се потценети и оти заслужуваат повеќе со оглед на нивните работни часови.
– Просечната месечна бруто плата на полицајците изнесува околу 1.400 евра, а ние бараме таа да биде зголемена за околу 200 до 220 евра, истакна тој.
Учество во штрајкот најавија околу 9.000 вработени, а собирањето на штрајкувачите пред зградата на словенечката Влада почнало во 10:30 часот.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини