Повеќе од сто уметници потпишаа петиција за Штрајкот на уметноста (Art Strike) на денот (20-ти јануари) на инагурацијата на Доналд Трамп за претедател на САД. За нив, тоа значи многу повеќе отколку еден ден протест. Со оваа иницијатива се повикуваат културните институции да не работат во текот на денешниот ден.
„Овој повик не се однесува само на уметноста. Сметаме дека Штрајкот на уметноста треба да биде уште една тактика, заедно со другите, за борба за нормализација на Трампизмот (Trumpism) – токсична комбинација од бела надмоќ, мизогинија, ксенофобија, милитаризам и владеењето на олигарсите. Како и секоја тактика, таа не е цел сама по себе, туку интервенција која ќе се прошири во иднина. Тоа не е напад врз уметноста, театарот, или било која друга културна форма. Тоа е покана одново да се мотивираат овие дејности, да се преосмислат овие простори како места каде што може да се произведуваат форми на отпор на мислата, погледот, чувството и да продуцираат дејствување“, се вели во повикот на петицијата.
„Како и да е, ако изберете да одговорите на овој повик, Штрајкот на уметноста е можност за јавна одговорност, можност да се афирмираат и да се промовираат вредностите што нашите културни институции тврдат дека ги застапуваат“, стои во петицијата.
Претходно, Доналд Трамп се соочи со проблем да состави листа на уметници кои ќе настапат на неговата инагурацијата.