• Latest
Фото: Oд  Фб профилот на Стоиљковиќ, од присуство на настанот

СДА Македонија: Вицепремиерот на македонската Влада во функција на големосрпската агенда во Босна и Херцеговина

January 10, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДА Македонија: Вицепремиерот на македонската Влада во функција на големосрпската агенда во Босна и Херцеговина

January 10, 2026 15:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фото: Oд  Фб профилот на Стоиљковиќ, од присуство на настанот

Фото: Oд Фб профилот на Стоиљковиќ, од присуство на настанот

Share on FacebookShare on Twitter
Македонскиот вицепремиер Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците, учествуваше во одбележувањето на 9- јануари (Ден на РС), во организација на властите на помалиот ентитет во Босна и Херцеговина, празник и датум кој е прогласен за неуставен и дискриминаторски кон Бошњаците и Хрватите во Босна и Херцеговина, се вели во соопштението на Странка на демократска акција на Македонија.

За организаторите на овој антиуставен настан се очекува Обвинителството на Босна и Херцеговина да поднесе соодветни пријави. Посебно после реакцијата на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР), која објави дека прославата на 9 јануари претставува јасно непочитување и неспроведување на конечните и обврзувачки одлуки на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Милорад Додик повторно испрати пораки, во кои сонува за поделбата на Босна и Херцеговина, а тој сон никако да му се исполни. Прашањето е: што вицепремиер во македонската Влада, во случајов Иван Стоилковиќ, бара на нелегален настан во Бања Лука, од кој се испраќаат пораки за нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина?

Јавноста треба да знае дека македонскиот вицепремиер Стоилковиќ во Бања Лука беше во “одбрано“ друштво и на:

– Милорад Додик, кој е под санкции и забрана за влез во Велика Британија, Словенија, Литванија, Германија, Австрија и Полска

– Род Благојевиќ, поранешен гувернер на американската држава Илиноис, кој претходно беше осуден за корупција

– Никола Шпириќ, член на Колегиумот на Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ, врз кого САД воведоа санкции во 2018 година

– Никола Селаковиќ, министер за култура во Владата на Србија, против кого е поднесено обвинение за организиран криминал во Србија

– Ноќни волци, руска мото-група која е на списокот со санкции на Европската Унија поради улогата на нејзините членови во анексијата на Крим.

Јавноста се сеќава дека лани, Додик беше гостин на Стоилковиќ во Скопје, а во македонските институции беше примен со неистакнување на државното знаме на Босна и Херцеговина, што е исто порака против суверенитетот и територијалниот интегритет на државата БиХ. Дополнително, во присуство на премиерот Мицкоски и рускиот амбасадор во државата испрати анти-НАТО и анти–ЕУ пораки, како и пораки со кои се негира и исмејува геноцидот врз Бошњаците во Сребреница. Ова сеќавање е само доказ дека не се работи за некаков инцидент или скандал, туку се работи за континуитет во политиката на македонските институции.

Според СДА Македонија, очигледно е дека власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска Давкова комплетно е ставена во функција на големосрпската агенда на режимот на Александар Вучиќ, не само во Северна Македонија, туку и во целиот регион на Западен Балкан. Само така може да се толкува нивниот молк, кој претставува поддршка на работењето на вицепремиерот Иван Стоилковиќ.

Ги повикуваме сите демократски и про-западни политички субјекти во Северна Македонија да го осудат однесувањето на вицепремиерот Иван Стоилковиќ во обидот да даде легитимитет, од позиција на вицепремиер во македонската Влада, во антиуставното дејствување на Милорад Додик и неговите обиди за нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина, се вели во соопштението на Странката на демократска акција на Македонија.

М. Д.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ