• Latest

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Кој е во право кога младите се во прашање?

July 3, 2018

Си-ен-ен: Планот на Нетанјаху за преземање на Газа не задоволува никого освен него самиот

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 10 мај 2025 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ги распиша осмите локални избори што ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Упад на полиција во дом на директорка на училиште во Демир Хисар – нејзиниот адвокат обвинува за политички притисок на ден пред распишување на изборите

August 9, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Кој е во право кога младите се во прашање?

July 3, 2018 14:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ се пофали со резултатите од пилот-проектот на Владата „Гаранција за млади“. Во последните три месеци се вработиле 419 лица, 196 почнале со обуки, а 160 почнале пракса во некоја компанија.

Проектот се спроведува во Струмица, Гостивар и Скопје и во него да сега се вклучени 1532 невработени лица до 29 години.

„Целта на оваа мерка е младите да  добиваат  квалитетна понуда за вработување, натамошно образование, стажирање или практикантство. Сите овие се клучни за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека од 2019 година „Гаранција за млади“ ќе биде активна мерка за вработување, обука, тренинг и пракса за младите во Македонија.

Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која  се спроведува во државите од Европската Унија. Но, иако нашата земја сеуште не е членка на ЕУ,  Владата започна со воведување на „Гаранција за млади“,и следење на  европските младински политики со цел отворање на  можностите за младите во Македонија.

Но, опозицијата експресно реагираше на фалењето на СДСМ, дека всушност Владата ги излажала младите и ги оставила без перспектива, воедно понижени, затоа што ветила вработување на 600.000 иселени млади лица. Во меѓувреме според опозицијата бројката на иселени дополнително се зголемила.

„Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Рената Десковска и Стефан Богоев ветуваа дека младите по завршување на своето образование ќе добијат понуда за вработување, практиканство или дообука и тоа како проект кој ќе го реализираат уште во првите шест месеци од новата влада. Помина повеќе од една година, а ни трага ни глас од овој проект“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И нормално, како и по секое друго прашање, опозицијата и во оваа гледа уште еден чекор за тонење на државата.

Или, со нивни зборови: „ Секогаш кога мислиме дека со СДСМ го допревме дното, тие не уверуваат дека може и полошо“.

И додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се расправаат за тоа кој ѝ мисли на Македонија подобро, во однос на економијата, името, образованието, корупцијата, во овој случај, младите, во фокусот на нивните настапи во јавноста, е сепак, интересот на граѓаните. Сите граѓани.

И како и секогаш, се наметнува прашањето дали станува збор за истите, сите, граѓани, кога станува збор за партиските препукувања.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕмладиСДСМ
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ