• Latest
Фото: СДСМ

СДСМ не се извинува на Томовски, бара од  Обвинителството и ДКСК да покренат истрага – директорот на владината СОЗР најавува тужба

December 7, 2025
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

СДСМ не се извинува на Томовски, бара од  Обвинителството и ДКСК да покренат истрага – директорот на владината СОЗР најавува тужба

Од СДСМ информираат дека меѓу телефонските броеви коишто се наведени во оваа семејна фирма, Сити аутсорсинг е и бројот: 078-362-710, Го проверивме овој број и погледнете чија фотографија излегува. На Ивица Томовски!

December 7, 2025 19:01
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: СДСМ

Фото: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба, нови факти, докази и документи, како, според нивните сознанија, семејната фирма на Томовски го чисти буџетот. Или со бројки, 5.3 милиони евра, 161 тендер.

Толку многу има добиено семејната фирма на Томовски, велат од СДСМ и посочуваат дека особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт, за 306% во2024 година! А оваа 2025 година има тендери од речиси половина милион евра.

Од СДСМ информираат дека по објавување на оваа бомба, на овој скандал на власта на Христијан Мицкоски, излегол Томовски и побарал да му се извинат.

Не, нема да му се извиниме на Томовски. Кажавме и ќе повториме, не се извинуваме на тие што пумпаат пари од граѓаните! И Арсовски бараше извинување па сега никаде го нема, молчи, велат од опозициската партија, и додаваат: Ние се бориме против криминалот и корупцијата и продолжуваме.

Наместо извинување тие денес денеска објавија, како што велат, уште еден податок, уште еден факт, уште еден доказ.

Од СДСМ информираат дека меѓу телефонските броеви коишто се наведени во оваа семејна фирма, Сити аутсорсинг е и бројот: 078-362-710!

 Го проверивме овој број и погледнете чија фотографија излегува. На Ивица Томовски!

Не дека ова беше неопходно за да потврдат семејните врски на Ивица со неговиот татко Витомир ниту пак со неговиот роднина Кутановски кои се во оваа фирма, се додава.

Затоа, СДСМ ги повика Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски.

Кој сега ќе се извинува Томовски, праша портшаролката на СДСМ од партиската прес конференција?

Само на граѓаните може да им се извините! Но ќе дојде и тоа, кога ќе одговарате, сите до еден! Работата не е завршена, велат од СДСМ.

Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, потврди дека бројот што денеска го обелодени СДСМ е негов, но повторува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Сити аутсорсинг“, и најави разврска по судски пат.

„Јас не сум сопственик, не приходувам и немам никаква директна врска со споменатата компанија. Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, вчера жигосаа уште една домашна компанија која не е моја, а денес јавно го објавија мојот телефонски број – број кој е познат на сите кои ме познаваат, кој го имам со години и кој е единствениот број што го поседувам, доделен пред многу години од мојот татко. На истиот тој број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Затоа уште еднаш повторувам: ќе одговараат, и следува тужба. ‘Јака’ работа завршил антикорупцискиот тим на СДС – го нашле мојот број што сите го знаат и е на мое име“, вели Томовски.

М. Д,

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ