• Latest
Фото: Фејсбук

СДСМ обвинува дека законот за задолжување кај Унгарија е коруптивен, ќе го блокира во Собранието неговото носење по скратена постапка

September 12, 2024
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува дека законот за задолжување кај Унгарија е коруптивен, ќе го блокира во Собранието неговото носење по скратена постапка

September 12, 2024 14:16
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

За опозициската СДСМ задолжувањето на државата кај унгарската влада од 500 милиони евра  е коруптивно и ја носи државата во должничко и политичко заложништво на Унгарија, и поради тоа ќе го блокира во Собранието носењето на законот за задолжување по скратена постапка, најави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче.

За начинот на кој ќе го сторат тоа, тој објасни дека претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска, која е од СДСМ нема да го стави овој предлог-закон на разгледување и дека бараат да се носи во редовна постапка.

Одлуката да се носи Законот за задолжувањето на Република Северна Македонија по скратена постапка е без преседан, тврди лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Според него, во предлогот со кој државата за прв пат ќе се задолжи директно кај друга држава, во случајов Унгарија, нема јасни критериуми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето парите, има точки во кои се кријат скриени трошоци кои не се јасно изразени, па поради ова нема да биде ставен на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието со која раководи нивната пратеничка Сања Лукаревска.

„Целта е јавноста да е лишена од можноста детално да види што се крие зад ова задолжување. ВМРО ДПМНЕ го скрати правото на дебата и вклучување на експертската јавност во процесот на носење на самиот закон. Ова јасно упатува на заклучокот дека Владата има многу што да сокрие во овој закон.

Ова потврдува дека задолжувањето е коруптивно и ја носи државата во должничко и политичко заложништво на Унгарија. Мора да е предмет на широка јавна расправа, прецизно да се утврди на секој детал за секој денар кој треба да се плаќа од граѓаните како камата. Во законот има јасно видливи членови и елементи со кои се потврдува корупцијата. Ова задолжување е договорено кога ВМРО ДПМНЕ беше опозиција, целосно вонинституционално и во четири очи“, вели Филипче.

Со Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка е предвидено државата да се задолжи со 500 милиони евра. Условите се регулирани во договор за заем кој ќе се склучи помеѓу Република Северна Македонија и Унгарската банка.

Заемот што ќе и биде доделен на нашата земја е со рок на отплата од 15 години, со грејс период од 3 години и треба да биде повлечен во една транша.

Каматната стапка за позајмицата од Унгарија е фиксна и изнесува 3,25 отсто.

Во законот е исто така посочено дека Македонија ќе ѝ плаќа на Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 отсто од заемот на годишно ниво.

– Провизијата за неповлечени средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот, пресметано од датумот на достапност на средствата и ќе се плати првиот работен ден по завршување на периодот на достапност.

Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Дополнително, Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност. Провизијата за извршени правни услуги ќе се плати пред повлекување на траншата – се нагласува во законот доставен во Собранието.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање на отварањето на спортскиот центар „Бранители“ во Општина Бутел, кажа дека каматата и провизијата кои ќе се плаќаат за овој кредит се многу помали од кредитите кои ги земала претходната влада.

„Цената којашто државата ќе ја плаќа за кредитот е 0,1 процент. Но таа е 0,04 проценти тоа е за адвокатски услуги. Процес кој е стандарден за ваков тип на заеми. Направив анализа колкава провизија плаќала владата на СДСМ и ДУИ во периодот во која таа се задолжувала преку емисија на државни обврзници на меѓународниот пазар. И таа провизија тие што ја плаќале се движи од 12 до 20 пати повеќе од тоа што ние сега како адвокатски услуги го плаќаме за овие 500 милиони. Ќе повторам од 12 до 20 пати“, нагласи Мицкоски.

М. Д.

Tags: блокирање закон по скратенапостпказадолжување од Унгаријакоруптивен законСДАМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ