• Latest
Фото: СДСМ

СДСМ, внатрепартиски: Петровска за единството, Деспотовски за младите, Бајдевски за чекорот наназад и Филипче за грешките од минатото

June 27, 2024
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

СДСМ, внатрепартиски: Петровска за единството, Деспотовски за младите, Бајдевски за чекорот наназад и Филипче за грешките од минатото

June 27, 2024 12:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Фото: СДСМ

Фото: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Околу 23 илјади членови на СДСМ се подготвени в недела да го изберат новиот лидер на внатрепартиските избори. Од целосна реформа и нов почеток, учење од грешките во минатото, до враќање чекор назад за преиспитување – така размислуваат кандидатите кои се борат за лидерската позиција кај нивното членство.

Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски или Александар Бајдевски – кој ќе ја добие довербата за нов лидер на СДСМ ќе се знае на крајот на месецот, по внатрепартиските избори.

Ако Петровска биде избрана за претседателка, таа најавува целосна реорганизација на партијата, но и промени во начинот на кој се бираат одредени кадри. Според неа, на партијата не ѝ потребно мешање на поранешните претседатели на СДСМ во изборот на новиот претседател, туку сега на партијата најпотребно и е единство. Петровска порача дека доколку не победи на изборите, тогаш нема да бара никаква функција туку дека ќе остане член и пратеничка на СДСМ во Собранието.

„Застанувањето на кој било од поранешните претседатели зад кој било од сегашните кандидати, мислам само дека дополнително да ја подели партијата и мислам дека може да го отежни процесот на легитимен избор на претседател. Јас ги почитувам сите поранешни претседатели на СДСМ затоа што оставиле свој белег во партијата и во државата, меѓутоа мене ми треба поддршката на членството“ рече Петровска во интервју за Канал 5.

Петровска нагласи дека со точно акцентирање кој позиции на каков начин ќе бидат избирани, ќе се отстранат голем дел од недостатоците, кои изминатиот период се покажаа како сериозни и веројатно секој на свој начин допринел за овој лош резултат на изборите.

Јован Деспотовски вели дека стожерот во неговата програма е нов почеток на СДСМ, што би значело целосно прекинување на сите досегашни политики, начинот на нивно спроведување, како и кадровските решенија и зголемено учество на младите во партиските тела, директна вклученост носењето одлуки и креирање политики.

„Јас сум убеден дека веќе на следните локални избори СДСМ ќе покаже, со овој нов почеток и нов пристап во работењето, една нова енергија, дека се враќа на победничките патеки. Очекувам трендот на опаѓање кој го имавме до минатите избори да го превртиме и да тргнеме нагоре и да дојдеме до ситуација во која нема да биде прашање дали, туку кога СДСМ ќе биде носител на извршната власт во Македонија“, истакна Деспотовски на средба со првите луѓе на социјалдемократската младина.

Според Деспотовски, зголемено учество на младите во партиските тела, директна вклученост во носењето одлуки и креирање политики, особено оние кои ги засегаат младите во земјата како и отворање на можности за едукација на младите социјалдемократи и финансиска поддршка се клучните елементи во програмата на Деспотовски – Нов почеток, Нов СДСМ.

Александар Бајдевски се залага за чекор назад, за да се согледа суштината на партијата.

„Некои од моите противкандидати велат дека ни треба нов СДСМ или нов почеток. Јас сметам дека треба да се вратиме чекор назад, бидејќи СДСМ е државотворна партија, која е поставена на постулатите на двата наши Илиндена. И затоа сметам дека тоа е една од основните работи без кои понатаму не можеме да продолжиме“.

Венко Филипче, смета дека СДСМ мора да учи од грешките, а идниот претседател е должен да се погрижи тие никогаш да не се повторат.

„Историјата е нашиот најголем учител, но само ако избереме да учиме од неа. Иднината на СДСМ ќе остане заложник на минатото ако не направиме суштински промени. Ако бидам избран за претседател, моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат“ – истакна Филипче.

Тој рече дека како претседател ќе води со пример и ќе се заложи за обединување на партијата преку взаемно почитување и давање глас на членовите. Според Филипче, новото раководство на СДСМ ќе делува суштински различно од сите претходни. Ќе води со пример, со многу чувство и емпатија за секој член дансе чувствува ценет и слушнат. Сила на обединување ќе бидат другарството, еднаквоста и взаемното почитување.

Социјалдемократите во Северна Македонија на 30-ти јуни ќе избираат нов лидер по оставката на Димитар Ковачевски што дојде по историскиот пораз на парламентарните и претседателски избори одржани на 8 мај годинава.

Дамјан Варошлија

Tags: БајдевскиДеспотовскиПетровскаСДСМФилипче
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ