Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска во 15 часот во ВИП салонот на Градската куќа во Ниш, ќе оствари средба со првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ.
Со враќањето на дипломатскиот персонал од консултациите во Белград, Амбасадата на Србија во Македонија продолжува со работа, а сите активности, вклучувајќи ги конзуларните, се одвиваат со нормално темпо. Амбасадорката Душанка Дивјак ќе се врати на должност на крајот на август, а ќе се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев на 1 септември. Премиерот Заев, ќе се сретне со српската премиерка Ана Брнабиќ во Драч, Албанија, на неформалниот состанок на земјите од Западен Балкан. Од Белград е најавено и дека премиерката Брнабиќ ќе испрати повик до македонскиот колега Заев за одржување на заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годината.
Според медиумите, српскиот претседател Александар Вучиќ и порачал на македонската амбасадорка во Белград, Вера Јовановска – Типко, дека постои заеднички став оти „е потребно да работиме вредно и одговорно во унапредување на односите меѓу нашите земји“ и најавил дека по именувањето на советник за национална безбедност на Република Србија, тој ќе има состанок со неговиот македонски пандан.
Српското Министерство за надворешни работи на 19 август испрати нота до македонското МНР за повлекување на целиот дипломатски персонал поради сомненија дека дипломатите и вработените истите биле следени и прислушувани, а српските челници Вучиќ и Дачиќ, изјавија дека врз Србија се спроведува разузнавачка офанзива од Македонија и од странска сила, и дека се запознаени со сите активности кои се вршат во Македонија.
Српскиот разунавач Горан Живаљевиќ дел од персоналот во амбасадата во Скопје, за кого претседателот Вучиќ рече дека е повлечен во Белград за смирување на тензиите, иако со знаење на македонските власти бил присутен на крвавите настани во македонското Собрание на 27 април, во интервју за „Танјуг“ потврди дека во Собранието влегол со знаење на Синиша Алексовски, советник за безбедност на претседателот Ѓорге Иванов: „Моето присуство во Собранието не беше тајно. Мојата мисија не беше тајна, ниту со лоша намера, и пред сè, македонските служби беа информирани“
[divide]
фото: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.