• Latest
Добро утро со Орданоски

Се подготвивте ли за шутирање пенали?

October 15, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Се подготвивте ли за шутирање пенали?

October 15, 2018 08:41
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]С[/dropcap]о минатонеделниот текст во „Њујорк тајмс“ – ни помалку, ни повеќе! – поздравите во Македонија, и за оние кои најтешко сфаќаат, беа испратени недвосмислено јасно: антиреферендумската операција, во која учествуваа Груевски, Иванов и Мицкоски со една чета разно-разни епизодисти и лоши каскадери  – како една од следните фази во обидот за реставрирањето на Фамилијата на власт – била, во еден значаен дел, координирана и финансирана од Москва. Тој дел од операцијата е солидно документиран.

Пред тоа си беше предупредено дека од Македонија се подготвува да се создаде нова Република Српска на Балканот, што е операција којашто, се извинувам, нема да може да се изведе, и покрај најлошите намери.

(Мала дигресија: ако смеам да забележам, кога со недели и месеци, сто пати фино им го кажувате тоа на македонски јазик, не ве земаат за сериозно; кога еднаш-два пати ќе им се повтори истото тоа малку погрубо и на англиски, одеднаш сите се алармирани, вознемирени и станува вест за насловни страни!)

Ете, така, во нашиот национален натпревар за евроатлантски интеграции дојдовме до делот за шутирање пенали, откако се квалификувавме во финалето (Преспански договор) и успешно ги поминавме продолженијата (референдумот). Додуша, се знаеше однапред дека овој натпревар ќе заврши „на пенали“ во Собранието, бидејќи така е предвидено и во Преспанскиот договор…

А со пеналите знаете како е – никогаш не се знае!

Сепак, за да се знае малку повеќе, читам викендов, неделава, наводно, ќе се апси Груевски со сите подизведувачи (од Агенцијата за разузнавање, од АРМ и од други средини во кои виреат „сомнителни лица“ по прашањето на евроатлантските интеграции) кои си мислеа дека подготовката и извршувањето на обидот за ланскиот државен удар на 27 април (во соработка со најмалку една соседна странска служба, а под надзор на постариот им брат), по што требаше да следува прогласување на вонредно-воена состојба и апсења, ќе си помине само со судењата на оперски пејачи, глумци, ступидни блогери, неколку пратеници, Чавков „комада еден“, два-тројца платени ликвидатори и неколку десетици патриоти-насилници…

Сега треба да се види дали обвинението, со прибавени докази и сведоци, конечно може да се прошири нагоре, по инспирациско-командна оска, бидејќи нема човек во државава кому не му е јасно чие „масло“ е нападот и насилствата во Собранието. Груевски „виси“ на тенко конче. Иванов на влакно, еластично, за тегнење до април.

Политички, ова се последните „поздрави и честитки“ пред гласањето во Собранието за уставните промени. Бидејќи се очекува тоа гласање да пропадне, би се рекло дека пораката е дека и на овие предвремени избори, доколку се инсистира на тоа, темата ќе биде правната држава. За очекување е и луѓе да се расприкажат, а не би ме зачудило и некое ново видео да одгледаме. Изборниот патриотизам ќе се мери според сторените злодела, а не според колнењата врз Библијата.

Единствената нејаснотија во целава постановка е што е тоа што, всушност, му е кажано на Мицкоски од Белград и од Будимпешта, минатата недела? Со каков „квалитет“ бил „бакнежот“ од Орбан, за збогум или за довидување? И дали Мицкоски верно им го пренел кажаното на своите сопартијци, оние кои се двоумат кој пат да го фатат?

Сепак, на принудната опција за вонредни избори може да се гледа и од повеселата страна: барем едно дваесетина сегашни пратеници ќе останат без пратеничкиот имунитет, што многу ќе ги поедностави формалностите за нивно натамошно правно процесуирање. Па и тоа е нешто.

 

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

 

Share366TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ