• Latest
Јавен собир во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Се проширува обвинителскиот тим за несреќата во Кочани, продолжуваат и контролите за исполнување на безбедносните стандарди

March 25, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Се проширува обвинителскиот тим за несреќата во Кочани, продолжуваат и контролите за исполнување на безбедносните стандарди

March 25, 2025 09:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Јавен собир во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Јавен собир во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за несреќата во дискотеката во Кочани каде во пожар 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди се проширува. Вкупно 11 јавни обвинители работат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Во меѓувреме продолжуваат контроли во јавни објекти низ државата, за проверка на документацијата, исполнувањето на обврските од лиценците и дозволите, на техничките услови за работа и безбедносните стандарди.

Сите училишта, градинки, јавни установи, културни домови и спортски сали во државава се безбедни, информираше претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевскипо извршените вонредни инспекциски контроли во кои учествуваа и инспектори од централната власт. Најави дека инспекциите ќе продолжат и во наредниот период, а дадени се препораки да се направат и строги контроли во сите станбени згради, а на потемелни контроли да подлежат и сите урбани опреми кои се поставени во општините.

Изминативе денови се направени 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, при што изречени се решенија за привремена забрана на десет правни субјекти, кафулиња и клубови. Утврдено е дека 15 правни субјекти од вкупно 23, кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимално-технички услови, и се издадени 59 прекршочни платни налози во износ од 522 690 денари, информираше портпаролката на Владата Марија Митева.

Митева најави дека во координација со МВР, ДПИ овие денови почнуваат со инспекциски надзори во објекти за организирање прослави и настани, со посебен акцент на утврдување минимално-технички услови, категоризација на ресторани, како и за други одредби од Законот за угостителство.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера порача дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли  во сите јавни објекти низ државата,што стартуваа по трагедијата со пожарот во Кочани, нагласувајќи дека кај 70-80 проценти од објектите биле воочени огромни неправилности.

-Можам да кажам дека воочени се огромни неправилности. Кога зборувам за огромни неправилности, зборувам конкретно за 70-80 проценти од објектите. Не зборувам за исклучоци, туку за пракса која што функционирала и повеќе нема да функционира, рече премиерот на настанот за реконструкција и пренамена на стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј во Општина Радовиш.

Мицкоски потенцира дека разработуваат акциски план за одреден период да се прогласи мораториум и да се отстранат сите тие неправилности за оние кои сакаат да функционираат со дејноста со која што функционирале.

Премиерот, исто така, посочи дека протестите се демократска алатка на изразување на незадоволство и потенцираше дека апсолутно го поддржува изразувањето на револт и гнев, затоа што, како што рече, уште многу работи пред нас останаа да се решат.

– Но, ќе се бориме до последен атом, енергија, којшто го имаме да исправиме нешто во името на идните генерации, коишто доаѓаат. Преку ноќ не може ништо да се направи, иако направивме многу работи, ќе повторам изминатиот период. Поразивме неколку мафијашки здруженија, коишто за жал функционираа во државата, ќе продолжиме и во периодот, којшто следи. Но, од сега па натаму, јас само би посакал сите да останеме фокусирани и обединети во решавање на проблемите, рече Мицкоски.

Вчера во Скопје се одржа протестен марш, кој почна со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани, од плоштадот „Македонија“. Учесниците потоа се упатија кон  Собранието, од каде стигнаа пред Владата.

Организаторите на протестот, граѓанското движење „Кој е следен?“, порачаа дека не се поврзани со ниту една партија и дека очекуваат транспарентност од истражните органи.

– Ние сме граѓанска иницијатива, не сме поврзани со ниту една политичка партија. Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“.

Опозициската СДСМ вчера порача дека селективност не смее да има, и повика да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани, додека од ДУИ претходно излегоа со порака дека молкот за трагедијата во Кочани заврши, сега мора да се зборува, обвинувајќи дека власта без да ги почека фактите, ја активираше машинеријата за префрлање вина.

Јавното обвинителство информира дека тимот што постапува во истрагата за трагичниот пожар во Кочани е проширен на 11 јавни обвинители, како и дека е планиран распит на повеќе од 300 сведоци и други истражни дејствија.

Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, вчера одржал координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоениот план на активности и динамика.

-Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Јавниот обвинител Коцевски побара од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани, стои во соопштението од Јавното обвинителство на РСМ.

Ова е трето проширување на обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани. Првично, на 16 март, веднаш по несреќата во Кочани, јавниот обвинител формираше обвинителски тим во кој беа вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје. Потоа обвинителскиот тим, еден ден подоцна, беше проширен на девет обвинители и го сочинуваа двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и пет јавни обвинители од ОЈО Скопје.

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица. Со истрагата се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани. Во првата фаза во постапувањето на МВР и Обвинителството, поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. По 30-девниот притвор за седумте полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани, како што информираа завчера од Основниот суд Кочани таква мерка е  определена за сите 24 лица за кои имаше барање од Основното Јавно обвинителство. Меѓу 24. лица за кои е одреден притвор се и тројцата градоначалници на Кочани и тоа градоначалникот во оставка Љупчо Папазов, како и поранешните Ратко Димитровски и Николчо Илијев, поранешниот министер за економија Крешник Бекштеши.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени.

Извор: МИА 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ