• Latest

Сè уште нема доволно политичка волја за поддршка на Народниот правобранител!

May 16, 2017
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
Украина, 17 септември 2026 (фото: Национална полиција на Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ УКРАИНА: 157 дронови, балистички и крстосувачки ракети, над 20 повредени, меѓу нив и деца

September 17, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Правете што повеќе зимница, се спрема изборна кампања

September 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Последна линија на одбраната

September 17, 2026
Изрекување првостепена пресуда за поранешните лидери на ОВК, 16 септември 2026 година; Фотографија: Специјализираните совети на Косово во Хаг

ВЛЕН и ДУИ ја оспоруваат праведноста на Хашката пресуда за поранешните лидери на ОВК

September 17, 2026
Мицкоски и Муцунски во Вашингтон, фотографија од ФБ профилот на премиерот, објавена на 16 септември 2026.

Дипломатија на лажичка: Јавноста заслужува повеќе од фотографии од Вашингтон

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сè уште нема доволно политичка волја за поддршка на Народниот правобранител!

May 16, 2017 12:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Отсуството на финансиска независност, несоодветен и нестручен кадар, само декларативна политичка волја за унапредување на состојбата на Народниот правобранител се главните проблеми со кои се соочува омбудсманот во својата работа. Ова се дел од заклучоците од денешната презентација на извештајот од граѓанскиот мониторинг на Народниот правобранител со наслов „Омбудсманот  – меѓу мандатот и капацитетите“.

Според Народниот правобранител Иџет Мемети, законските измени во делот на неговите надлежности од март 2017 година, не се доволни. „ Законските регулативи не се доволни за функционирање на една институција, доколку нема човечки капацитети и политичка волја, сè уште ќе имаме проблем во работата“, изјави Мемети.

„Искуството во последните десетина годни покажува дека нормативната волја на државата е во расчекор со политичката волја на досегашната власт, која не дозволи целосно осамостојување на Народниот правобранител. Не е овозможена финансиска независност, а тоа се гледа и во фактот дека Министерството за финансии, со години не дозволува вработување на соодветен стручен кадар“, рече Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Државните институции се затворени и неподготвени за соработка, не постапуваат и ги игнорираат препораките од омбудсманот, а неретко ја опструираат неговата работа. Место да се вработува стручен кадар, се нуди замена со несоодветен  кадар од други јавни институции, во договор со власта, што влијае врз независноста на институцијата“, смета Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар.

Според новинарката Гордана Дувњак, Народниот правобранител во Македонија има голем број надлежности но истовремено, рацете му се врзани. „Пет години никој не е вработен, а 17 лица си заминале. Што значи, има дисбаланс помеѓу зголемувањето на надлежностите и професионалниот кадар. Пратениците немаат слух за барањето, вработените во оваа институција да имаат посебен статус, а не како што се сега, јавни службеници. Тие треба да ја мониторираат работата на институциите а истовремено нивното вработување и унапредување зависи од извршната власт. Тоа е апсурд“, истакна Дувњак.

Овој настан се реализираше во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

М. Теговска

Tags: БејковавработувањаДувњакМеметиНароден правобранителнезависностПировскаполитичка волја
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ