• Latest
Бранко Тричковски

Се вадат капите за постмакедонизмот: Без европските обрачи македонската каца ќе се распадне

February 26, 2023

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Се вадат капите за постмакедонизмот: Без европските обрачи македонската каца ќе се распадне

February 26, 2023 15:31
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Ако вмро и ману продолжат да ја држат Македонија на семафорите пред Брисел, Македонците во Ѕвегор, Смојмирово и Будинарци ќе се организираат како Заедница на македонските општини.

Ќе биде тоа убава форма за заштита на нивните права и идентитет во постдржавниот период.

Статусов што пред два дена го објавив на Фејсбук, е циничен, по малку и шеговит, но, верувам ќе се согласите дека во себе содржи восхитувачки аспекти на надоаѓачката иднина.

На блиската иднина.

Ене ја, ја гледам како нѐ ѕирка од зад првиот агол.

Сакам да кажам дека голем дел од нацијата која се хомогенизира околу идејата за ревизија на документите врз кои почива меѓународниот статус на државата, потоа, околу блокада на уставните промени, односно на преговарачката рамка, то ест за суспензија на сите европски летови што нема да го гарантираат македонското достоинство, што и да значи овој пеливански поим, е впрегната и го влече зад себе материјалот со кој државата треба да се урне и да се претвори во заедница на македонските општини.

Или во некоја слична парадржавна или недржавна форма.

Хахаха!

Што нема да биде тешко ако е точно тоа што го тврдат самите Македонци: дека ниту се тие за држава, ниту државата е за нив.

Нова форма која ќе се наметне во агендата на славната нација, откако Албанците ќе решат дека не се доволно трпеливи, сочувствителни или глупави, зависи од аголот од кој се гледа на работите, да ги чекаат резултатите од биопсијата и хемотерапијата против ракот на идентитетот од кој боледуваат Македонците.

Па, ќе тргнат и тие да бараат нови форми на својата национална реализација во кои Македонија или нема да ја има или ќе ја има како некаква распаѓачка категорија.

Векторот на перспективите ќе се издолжи и ќе ги набоде како ражниќи сите месца, од унитарноста, преку федералноста и конфедералноста, до ништото!

Тоа е!

Таа нивна определба ќе стана политички и дипломатски, односно меѓународно, несоборлива затоа што појдовната теза ќе гласи: никој нема право луѓето со европски амбиции и можности да ги држи во балканската кал само затоа што мисли дека во калта се крие неговото достоинство!

На темата за драстично различните интереси се растураат бракови и братства, фамилии, држави, нации и империи.

Никој не може да види зошто Македонија би била исклучок, особено ако главната етничка група ја бутка работата во тој правец. Сеедно дали тоа го прави затоа што не ги разбира работите, како што мисли Тричковски, или затоа што многу добро ги разбира, како што исто така мисли Тричковски, но за една помала група идиоти.

Коцарев и Мицкоски,  односно вмро и ману и марширачката котерија од квазиновинари, ќе треба да вложат огромен труд за да се изборат за таа Заедница на македонските општини. Таа работа нема да ја биде ако не се согласат сите соседи и меѓународната заедница. Јас не верувам дека Бугарија ќе прифати таков чир во својот стомак, а не би прифатил и јас да сум на нивно место. Ако, сепак, прифатат ќе треба да се разговара за надлежностите, за органите и правни акти, за институции и сл. Во секој случај, верувам дека тоа лигаво чудо нема да биде субјект на меѓународодните односи, нема да има војска, можеби само мала полициска единица,  всушност заедницата би била некоја фолклорна категорија за организација на разни пастрмајлијади или кашкавалијади, селски собири, битови драми итн.

Со други зборови собраниската блокада и академската кампања не се алтернатива на официјалната македонска политика, туку се решение за брз и, да се надеваме, безболен крај.

Општините што ќе влезат во Заедницата нема да бидат македонски во национална смисла, туку само во сентиментална и територијална. Тоа ќе биде петто менување на националната припадност на населението што значи дека нашиот народ е извежбан во националните трансфери и верувам дека и најновиот подвиг нема да му падне тешко.

Губењето на државниот статус по седумдесетина години маченичко искуство ќе биде дочекано како ослободување.

Особено од напорот да се мрази.

Македонија.

Сите други теми со кои така интензивно се занимава општеството, од синот на спикерот, до фајловите на Боки и крахот на системот на ФЗО, од Артан Груби до Лигњата, се несомнено важни, но, како да кажам, во однос на темата за Европа се беспредметни поради две групи причини: распадот на македонската каца без европските обрачи ќе ги обесмисли на најдрастичен и вулгарен начин сите тие важни теми, нема да постојат ниту темите, а нема да постоиме и ние и како загрижени и како одговорни луѓе, заедно со институциите во кои тие треба да се решаваат и, второ, тие теми се вртат имено за да се афирмира антиевропскиот блок кој по своја линија ќе го сјебе субјектот кој тие работи треба да ги решава.

Државата!

Грижата не е за тоа што им се прикажува на луѓето.

Македонија и Македонците.

Вчера објавив уште еден статус на истата тема.

Еве што сѐ се гледа од мојот ширум затворен џам:

Чувајќи го Косово, Србите ќе се загубат себе си на ист начин на кој Македонците ќе се претворат во ништо бранејќи го својот идентитет во хистеричните изблици на неверојатна инфантилност и глупост. Што им ја вшприцуваат најголемите идиоти на родот. И двете нации веќе не ги препознаваат светлата на семафорите, не се во состојба да забележат отворена шахта, забораваат да голтаат, особено поголеми кнедли и влегуваат во опасност да умрат од задавување, ја обожаваат музиката на шините по кои се движи брзата локомотива на историјата. Многу се слични на Бугарите. Кои секогаш претеруваат со македонските апчиња кога ќе им докурчи животот во беда на духот. Ние сме за нив тоа што е Косово за Србија. Но, ако треба да се бира фаворит според силите на загубеноста и внатрешната самонегација со песни рој, јас гласам за нашата мила Татковина со сиот ризик дека ќе ме прогласат за пристрасен.

Јас сум фрапиран од левтерноста и комоцијата со која се игнорира Европа.

Темата за Европа и за интеграциите.

Фрчат обвинувања дека таа тема била димна завеса за криминалот на власта.

Не дека сите други теми се димна завеса за Европа.

Никој не се занимава со блокадата на вмро.

Ниту пак со тралалајките од ману.

Луѓето почнаа да ги вадат од нафталин капите за постмакедонизмот.

Македонците сакаат да бидат со победниците дури и кога знаат дека победниците ќе ги ебат и ќе им земат сѐ.

Ќе сме чекале ако треба и триесет години (Коцарев).

Нема, госпон Коцарев, ја ќе дочекаме три, ја нема ни толку.

Меѓународниот фактор може да го смени правецот пред да се случи крахот на преговарачката рамка. Би било добро. Во принцип. Да не зборуваме за фонот на руската агресија врз Украина и за дестабилизирачките амбиции на Москва кои тука наоѓаат плодно тло. Но, пред меѓународниот фактор, тоа мораме да го сториме ние.

Македонките и Македонците.

Понекогаш имам впечаток дека Македонија е ко распарталената девојка во фиќото на оној  инспектор.

И дека ја работат сите идиоти.

А оние што се сметаат за нормални чуваат стража.

Срамота.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. | Извор: FRONTLINE
Tags: вмродржавностЕвропаидентитетМАНУМедиумифедерализација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ