• Latest

Се засилува предизборната кампања за Вила Водно

April 11, 2024
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Се засилува предизборната кампања за Вила Водно

April 11, 2024 07:50
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како што кампањата за претседателските избори влегува во втората недела, така се засилуваат активностите на кандидатите и нивните изборни ветувања на средби со граѓаните, но повоочливи се и меѓусебните препукувања на противкандидатите. И денеска продолжуваат со своите изборни активности во различни населени места во државава.

Во текот на денов кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендровски ќе ги посети општините Дојран, Богданци, Валандово, каде на средби со граѓани ќе ја претстави својата програма, додека централниот митинг ќе се одржи вечер во Гевгелија.

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира својата платформа пред граѓаните во Долнени, Македонски Брод и Кичево.

Максим Димитриевски, претседателски кандидат na Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, пак, најави дека ќе даде изјава за медумите, а од неговиот Изборен штаб соопштија дека средби со граѓани за денеска не се планирани.

Кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Гази Баба, на плоштадот во скопската населба Автокоманда, како и на митинг во Куманово, додека кандидатот на ДУИ Бујар Османи најави активности во Радовиш и Штип.

Државната изборна комисија на денешната седница ќе го разгледа и усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно член 153-а од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот од мандатот

Претендентите за претседателската Вила Водно, вчера имаа бројни средби со граѓани во населени места во различни делови од држава, каде што ги претставија своите платформи, но некои од нив и во директен разговор ги слушаа проблемите на граѓаните.

Кандидатот на ЗНАМ, Димитриевски, кој кампањата ја води под мотото „Максимум за Македонија“, пред граѓаните на Штип синоќа кажа дека ќе водат позитивна кампања и ќе работат на обединување на македонскиот народ.

Тој порача дека во наредниот период ќе се обидат неговите членови и тој како претседател да ги посетат секој  граѓанин и семејство. Димитриевски порача дека граѓаните на Македонија заслужуваат поубаво утре, затоа што како што рече нашата земја  од ден на ден се празни, младите заминуваат од државата, како што е примерот со Богданци. Место кое порано вработувало 6 000 луѓе, а сега има една канцеларија за брзи кредити, неколку кладилници.

Кандидатката за претседател на Левица, Ванковска на средби со граѓани во скопската населба Карпош, презентираше делови од својата програма. Таа порача дека „ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка. Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот“.

СООПШТЕНИЕ - Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска и кандидатите за пратеници од ИЕ1 Дарко Ристовски и Катерина Јовановска, денес одражаа средба со граѓани во Карпош.

-Нужно е да донесеме нов Устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. Тој Устав ќе биде современ, таков каков што ќе го донесеме за себе како политичка заедница која нема да биде делена по етнички квоти, со олигархии и етнотрибализам, туку социјален Устав, заснован на принципите на социјална класна правда и еднакви можности, рече Ванковска.

Пред жителите на населбата Лисиче, пак, таа кажа дека и покрај сите саботажи што се прават, и покрај медиумската цензура на Левица, допира гласот до народот. -Во претседателскава кампања јас сум гласот и на Левица, рече Ванковска.

Пендаровски, кој се бори за втор претседателски мандат, вчера пред граѓаните на Кавадарци кажа дека претседателскиот кабинет не смее да биде изолиран само за елита. Тој  се осврна на постигнатите резултати во изминатиот период и приоритетите за во иднина.

-Точно 80 илјади километри поминав во изминатите пет години со моите соработници. Не постои ниту една општина, ниту едно населено место каде не сум бил. А во мојот кабинет, отворен за секого, 4 500 луѓе влегоа. Кабинетот не смее да биде изолиран само за елита, рече тој.

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски денеска оствари средби со граѓани на Демир Капија, Градско и Росоман, на коишто посочи дека во изминатите години како претседател на држават

На прашање на граѓани, околу шпекулации од страна на опозицијата по социјалните мрежи, дека ќе го бојкотира вториот круг, Пендаровски рече дека ваквите шпекулации биле откако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ виделе колку граѓаните се присутни на настаните што ги организира СДСМ, во рамките на кампањата.

Кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова на митинг во Струмица порача дека стручноста и компетенноста можат да ја извадат земјата од, како што рече, хаосот, анархијата, од депресијата во која се наоѓаме.

Силјановска Давкова рече дека не се анти ЕУ и се за европски стандарди.-  И затоа кога оценувате кој е за ЕУ,  а кој е против, не верувајте им на празните зборови. Дела се потребни. Добро образование, добро здравство, добра социјална заштита, добра културна политика, истакна Силјановска Давкова.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ