• Latest
Фото: Скриншот од социјални мрежи

Се зголемува бројот на жртви во пожарот во Кочани, меѓу загинатите и фудбалерот Лазаров кој починал спасувајќи други од пожарот, пејачот на ДНК, Андреј и пратечкиот вокал, професорката на ФМУ,  Сара Пројковска

March 16, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Се зголемува бројот на жртви во пожарот во Кочани, меѓу загинатите и фудбалерот Лазаров кој починал спасувајќи други од пожарот, пејачот на ДНК, Андреј и пратечкиот вокал, професорката на ФМУ,  Сара Пројковска

Според последните неофицијални информации кои ги споделуваат нивните пријатели на социјалните мрежи, животот во пожарот во „дискотеката“ во Кочани го загубија пејачот на ДНК, Андреј Георгиевски, и пратечкиот вокал, професорката на ФМУ,  Сара Пројковска. Меѓу загинатите е и тапанарот на ДНК, Ѓорги Горгиев (24) и директорот на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски

March 16, 2025 15:52
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Фото: Скриншот од социјални мрежи

Фото: Скриншот од социјални мрежи

Share on FacebookShare on Twitter

Се зголеми бројот на жртви во пожарот во Кочани, меѓу загинатите е и поранешниот играч на Горица Андреј Лазаров , кој имаше 25 години, а неговиот клуб објави дека починал по херојски чин, откако се отрул од чадот спасувајќи ги другите од пожарот.


Поранешен фудбалер на Горица и Рудес починак во болница откако бил повреден во пожарот на концерт во Кочани.
Лазаров кој по потекло е од Кочани, за Горица во првата лига има настапувано 14 пати, од кои осум сезонава. За Рудеш одигра 13 натпревари на кои постигна еден гол, а неодамна го напушти ХНЛ во македонскиот клуб Шкупи, пренесува хрватскиот портал Индекс.хр.

Претходно денеска Шкупи на социјалните мрежи објави дека неговиот живот е надвор од животна опасност, а истата информација ја донесоа и македонските новинари кои контактираа со семејството на фудбалерот. Меѓутоа, подоцна објавија дека тој починал.

Меѓу загинатите е и младиот струмичанец Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која синоќа настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Веста се прошири на социјалните мрежи, а ја потврдија брат му Димитар и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Според последните неофицијални информации кои ги споделуваат нивните пријатели на социјалните мрежи, животот во пожарот во „дискотеката“ во Кочани го загубија и пејачот на ДНК, Андреј Георгиевски, и пратечкиот вокал, професорката на ФМУ,  Сара Пројковска.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zivkica Kalenikova (@zivce)

Во страотниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ животот го загуби и Александар Коларов, гитаристот на ДНК, кој е четвртиот член на бендот кој починал.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загина и клавијатуристот на ДНК и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Филип Стевановски, потврдија негови блиски. Неговиот автомобил е сѐ уште покрај дискотеката. Стевановски беше музичар, професор во Средното музичко училиште „Сергеј Михајалов“ во Штип.

Како што изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, животот го загубил полициски службеник од ПС Пробиштип, кој во моментот бил службено ангажиран, односно постапувал по претходно изготвен план за контрола на угостителски објекти во делот на недозволена трговија со дрога и присуство на малолетници во дискотеката, во која изби пожарот.

Најголем дел од настраданите во дискотеката во Кочани загинале како последица на стампедо предизвикано од паниката по избувнувањето на пожарот во дискотеката, изјави директорката на општа болница со проширена надлежност Кочани, Кристина Серафимова. Во паниката сите се втурнале кон единствениот излез од дискотеката, што довело до трагедија. Загинатите и повредените се на возраст помеќу 16 и 24 години.


Текстот се апдејтира како пристигнуваат нови информации за жртвите.

Д. Мишев

Tags: загинатимакедонски фудбалертрагедија во Кочани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ