МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА
Легализација на дивоградби се прави во моментот кога во една држава за прв пат се формулира законската рамка за градење, и по исклучок после големи промени во државата (најчесто територијални) или пак големи природни катастрофи.
Македонија има законска регулатива за градење веќе 70 години и релативно стабилен развој.
Тоа значи дека секој нов закон за легализација на бесправно изградени објекти, донесен во последните 20-30 години, претставува рушење на правниот систем и негирање на принципот на владеење на правото.
Вообичаено вакви закони како редовен начин на регулирање на бесправното градење носат криминални власти (кои шуруваат со градежната мафија) или неспособни владејачки структури (кои не знаат како да ги решат потребите за домување на граѓаните).
Најчесто станува збор за кумулативно присуство и на двете карактеристики.
Еден од првите знаци дека државата зачекорила во просторот на владеење на правото е запирањето на легализацијата на дивоградбите.