“Имаме случаи во последните десет години имаме ситуации во кои непопуларни политичари во очите на медиумските работници, го користеле овој термин со цел да дискфалификуваат на јавна сцена критични новинари“, посочи извршниот директо на ЗНМ, Драган Секуловски на панелот на ЦИВИЛ „Ослободи го умот: Дезинформации и пропаганда“.
Сите се сеќаваат на сцената со поранешниот претседател на САД, Трамп, кога на критични прашања на прес конференција, им се обраќаше на новинарите –“вие сте лажни вести“, тоа не е прашање на кое треба да се одговори…
Имавме дури и примери каде што во регионот на Западен Балкан, одредени политичари го имитираа тој пристап, со цел да го користат ова како несоодветна одбрана кон критика од страна на кредибилни новинари“, вели Секуловски.
Д. Тахири
камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети