Зијадин Села по лидерската средба изјави дека институциите секогаш можат да прават повеќе. Тој упати апел Владата да биде внимателни со кризните жаришта на корона вирусот во Дебар и околината.
„За Алијансата на Албанците една од целите за водење политика е безбедноста на граѓаните во ситуација кога се загрозува здравјето на граѓаните, без здравје не може да има безбедност. Заради ова ние ја прифативме поканата на претседателот, се договоривме да се одложат изборите, а формата треба да ја најдат експертите по уставно право.. Ценам дека ситуацијата треба да се земе сериозно од граѓаните.
Сакам да апелирам на власта која е ангажирана со пандемијата. Прогласени се две жаришта каде се ограничуваат слободите на граѓаните, а на овие две места Владата треба да испрати апел да се внимава, бидејќи на овие две места има хронични болни и ќе треба кризните штабови да одат и да ги снабдуваат со лекови, храна и елементарните потреби. Од друга страна има многу граѓани од други градови изолирани во Дебар и некој треба да се грижи и за нив“, изјави Села.