• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМеди

Серјожа го виде НАТО

December 1, 2023
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Серјожа го виде НАТО

December 1, 2023 13:36
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМеди

Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМеди

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Тоа што рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров доби одобрение, за прв пат по руската воена агресија врз Украина да посети земја членка на НАТО, руските пропагандисти во прв момент се обидоа да го претстават како триумф на руската дипломатија.

Набрзо се уверија токму во спротивното.

По летот, кој, поради повлекувањето на дозволата од Бугарија, се реализираше по алтернативни патишта, преку воздушниот простор на Турција и на Грција, и траел повеќе од пет часа, Лавров слета на скопскиот аеродром дури по завршувањето на неформалната вечера (на која, како што дознаваме воопшто и не бил поканет).  Следствено на ова, него го немаше ниту на традиционалната фамилијарна фотографија, а пораката од земјите членки е повеќе од јасна: Не те сметаме за член на ова семејство.

И откако веќе стана јасно дека заминувањето на неколку високи гости, меѓу кои американскиот државен секретар Ентони Блинкен, новоизбраниот британски мининистер за надворешни работи Дејвид Камерон, како и Жосеп Борел, е со цел да му разјаснат дека немаат ни најмала намера да се сренат со него, дури ни на разминување низ ходниците на конференциската сала, уште едно разочарување. Наместо како што се надеваше дека ќе добие срдечен, државнички пречек, во доцните вечени часови на скопскиот аеродром го пречекаа само претставниците на руската амбасада во земјава.

Предходно, министрите за надворешни работи на Украина, Естонија, Летонија, Литванија, Романија и Полска го откажаа своето учество на Министерскиот совет со индигнација, не сакајќи да седад во ист простор со претставник на земја агресор која врши воени злосторства и терор врз цивилното население во Украина и ги крши основните човековите права, не само надвор, туку и во сопствената земја.

И како потсетување на која точно геополитичка страна од светот се наоѓа рускиот министер со свитата, официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русиjа, Мариjа Захарова на социјалната мрежа Телеграм објави дека на масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ биле поставени листови на кои пишувало дека местото за Лавров всушност е резервирано за НАТО, иако нема објаснување дали рачно напишаната резервација е најдена на местото на Лавров или на руската делегација и дали навистина македонската организација на ОБСЕ-состанокот ги резервирала местата со ваков тип на ливчиња, или е сепак дело на хибридната војна со дезинформации на руската пропагандна школа.

И како капак на сè, европските лидери силно и недвосмислено ја осудија руската агресија врз Украина и упатија силна поддршка за украинскиот народ, а дел од нив ја напуштија салата за време на обраќањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој во своите веќе многу пати досега слушнати тиради се жалеше дека она што моментално се случува во ОБСЕ не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските безбедносни прашања и дека западните престолнини постапуваат така што го поткопуваат работењето на ОБСЕ, наспроти доблесната идеја на која почива процесот од Хелсинки.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, видно исфрустриран поради тоа што  остана маргинализиран на Самитот, пред учесниците на Министерскиот совет истакна дека, според него Организацијата им служи на интересите на НАТО и ЕУ и го постави прашањето дали е мудро истата да биде витализирана, кога, повторно своеволно изјави дека сегашните случувања го доведуваат во прашање и функционирањето на ОБСЕ како форум за објективно решавање на глобалните проблеми и го поткопуваат принципот на еднакви права на сите учесници. За ваквата моментална состојба во ОБСЕ, најголемиот број членки прстот го вперија токму во Русија.

Тој не заборави, манипулативно да се осврне на неколку случувања во минатото, нагласувајќи дека земјите од НАТО и ЕУ ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ и истакна дека, според него, и руските пропагандни наративи, во 1999 година, НАТО извршил брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ, а го спомена и како што рече, „одземањето“ на Косово од Србија и кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединети нации.

И секако, во манир на својот наредбодавец, Путин, чија десна рака во спроведувањето на агресивната, нео-империјалистичка политика е токму Лавров, не пропушти да упати своевидна закана за тоа дека Молдавија ќе биде следната жртва во хибридната војна на Западот против Русија.

Тој веднаш по завршувањето на својот говор ја напушти салата, немајќи сили да ги дослуша основаните критиките кон неговата агресорска политика, и надевајќи се дека на маргините на Самитот ќе има плодно поле за поголем број билателарни средби. Но, наместо тоа, тој  имаше билатерални средби само со традиционални сојузници,  шефовите на дипломатиите на Ерменија и на Унгарија, и кратка попатна средба со шефот на австриската дипломатија, Шаленберг.

А работен состанок со претставникот на Малта како следен и министерот за надворешни работи Бујар Османи како сегашен претседавач со Организацијата, беше само од технички карактер.

Раководството на ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, секогаш е на страната на правдата и слободата и се бори против сите форми на агресија, угнетување и кршење на човековите права и слободи и членовите на здружената редакција на медиумската платформа на организацијата, во знак на протест против руската геноцидна војна против Украина и хибридната војна против демократските земји во Европа и светот, донесоа одлука да го откажат своето присуство на сите настани на самитот на ОБСЕ, поради присуството на посочениот претставник на државата терорист, и затоа овде нема да ги коментира срцепарателните изливи на русофилија на дел од македонските новинари на денешниот прес на Лавров, организиран со намера да покрие дел од срамот поради дебаклот кој го доживеа на Самитот на ОБСЕ.

 

 

 

Tags: маргинализацијаНАТОСамит на ОНСЕСеверна МакедонијаСергеј Лавров
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ