• Latest

РЕАКЦИИ: Граѓаните заминуваат од државата, бидејќи сакаат да живеат во 21 век, а не да останат квалификувани во библиска земја

October 10, 2024

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Граѓаните заминуваат од државата, бидејќи сакаат да живеат во 21 век, а не да останат квалификувани во библиска земја

October 10, 2024 15:03
in ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа на својата Фејзбук страница го постави ПРАШАЊЕTO НА ДЕНОТ: Зошто квалификуваниот кадар и младите заминуваат од земјата?

Во пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека проблемот е во начинот на управување со државата, образованието, правдата, здравството, платите, начинот на вработување, мито, корупција.

„Заради средината (менталитетот), заради системот (буџетарско-приватен и контрапродуктивен) и заради големите флагрантни и понижувачки неправди, се разбира и заради неможноста за вработување и ниските плати“.

„Затоа што 33 години не створивме перспективна држава, во која ако не си залепен за некоја таканаречена партија, ти си никој и ништо. И млади и стари и учени бегаат од Македонија гједајќи дека партиите само се менуваат меѓусебно, амнестираат и го задолжуваа и ограбуваат сопствениот народ“.

„Проблемот е во образованието. Учиш, магистрираш, а практично ништо не знаеш. Оди магистерот да работи во некоја компанија, а овој со основно што е во компанијата долго време повеќе практично знае од магистерот. Ако му се даде шанса и да се вклучи високообразованиот кадар во работата тогаш тој ќе ги надмине сите, но ретко кој приватник има трпение да го чува магистерот неколку години додека се вклучи во процесот“.

„Заради платата и поради тоа што не е ценет од државата и таканаречените газди“.

„Поради власта што ја бираме, а неспособни се да сторат нешто за државата освем за својот џеб“.

„Пред сè поради немање на правна држава. Си заминуваат затоа што на нивните работни места што заслужуваат да г имаат, се вработуваат кадри со стекнато образование на факултети чиј дигнитет, односно авторитет е рамен на некогашна образовна установа што произведуваше кадри со основно и средно образование ченејќи ја нивната стручност или пак со купени дипломи. Нормални и за подобар живот и каде нивниот квалитет се цени“.

„Затоа што во Македонија не е време на паметни, интелигентни и способни, време е на  газолизачи и малоумни партиски идиоти кои поклопија сè и се изнапикаја во секоја пора ,така да се што е попаметно и способно од нив тие во корен го сечат зошто им ја загрозува нивната комоција и позиција“.

„Заради несанкционираниот криминал, корупција, непотизам, некомпетентност на раководните кадри, општата безперспективност и непочитување на интелектуалниот труд, знаење и способност. Полуписмен парламентарс има 3 до 4 пати повисока плата од врвен стручњак“.

„Не сакаат да бидат квалификувани во библиска земја, сакаат да живеат и работат нормално во 21 век“.

„Поради корумпирани судски институции(мито и корупција), партиско вработување, мизерни плати со кои тешко би створиле фамилијарна заедница. Каде од сиромашни политичари стануваат богаташи со нивните криминали“.

Но, за некои читатели, прашањето беше ирелевантно, поголем проблем беше Северна во името на државата и причина плус за „бегање“ од неа. Па, така на видео прилогот со вчерашното прашање на денот, можат да се забележат и  вакви коментари:

„…Мораш ли да го кажеш Северна?“

„Бегаат затоа што се северни, а не Македонци, ти северна ли си?“

„Твоите северџани ги избркаа“

„Север да те однесе!“.

„Еве, на пример, викаш северна, а референдумот беше неуспешен и сите знаеме како сето тоа помина и гони се више“.

„Север да те…“.

„Не сакаат да живеат во Северна, многу е студено на север!“.

„Мораш ли северна, север да те однесе и тебе, од такви како тебе бегаат“.

„Најпрвин научи како се вика нашата држава, а ако не знаеш ние сме Република Македонија, а народот бега од такви како продадени души што не знаат кои се“.

Б. Ј.

 

 

 

Tags: квалификуван кадармладиПрашање на денотФејсбук коментари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ