• Latest
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Шар Планина не смее да биде заштитена само на хартија, апелираат граѓанските организации

October 14, 2020

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шар Планина не смее да биде заштитена само на хартија, апелираат граѓанските организации

October 14, 2020 11:03
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Share on FacebookShare on Twitter

Концесиите за малите хидроелектрани, нелегалната сеча на дрвја, криволовот и насилната урбанизација се меѓу најголемите опасности кои ја демнат Шар Планина. Додека трае процесот за прогласување на дел од планината за национален парк и во очекување на јавните расправи меѓу локалното население, екологистите и институциите, јавноста сè погласно апелира дека заштитата на Шара не смее да остане само на хартија. Подрачјето во кое има огромен број ендемични или загрозени видови со извонредна вредност мора да добие итна и вистинска заштита. Овие теми, велат граѓанските активисти мора да се отворат и на јавните расправи, кои беа одложени на неодредено време заради зголемената бројка на заболени од ковид-19. Еколошките активисти се особено гласни кога станува збор за концесиите за малите хидроцентрали, со кои се заробуваат малите реки неопходни за опастанок на биодиверзитетот, а енергетскиот бенефит е занемарлив.

Од Македонското еколошко друштво очекуваат на јавните расправи кои ќе ги организира Министерството за животна средина да има конкретни одговори во однос на тоа како ќе се управува идниот национален парк, како и кои ќе бидат дозволените и забранетите активности во посебните зони на управување. Особено што заканите врз природата на Шар Планина остануваат и понатаму. Од МЕД велат дека во низата јавни настани кои во соработка со Центарот за едукација и развој беа спроведени во полошкиот регион во рамките на јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк, за да се запознае локалното население со придобивките од прогласување на национален парк, имаше различни реакции и ставови на граѓаните, од многу позитивни  до многу негативни, односно како што е и очекувано, има и поединци и групи кои сметаат дека национален парк ќе им ги загрози интересите.

„Проблемот, според нас, може да се лоцира во недореченоста на законската рамка, односно на Законот за заштита на природата, кој  предвидува можност за развој на одржливи туристичко-рекреативни дејности и одржливо користење на природните ресурси, и едното и другото на начин на кој не се загрозуват вредностите на подрачјето“, велат во МЕД.

Овие активности ќе треба да се дефинираат во Планот за управување со националниот парк, чија основна намена е всушност да ги дефинира посебните мерки и активности за заштита на вредностите. Планот ќе се усвојува по донесувањето на Законот за прогласување на националниот парк и воспоставувањето на јавната установа „Национален парк“, што во случајот на Шар Планина, како нов национален парк, значи дека нема претходно воспоставена пракса на дозволени и забранети активности.

„Покрај „малите“ хидроцентрали, илегалната сеча на дрвја, криволовот и постојаната урбанизација, односно никнувањето на илегални градби низ планината, постојат и идеи за пробивање на нови патишта, пренамена на земјиште и слично. Законот за прогласување на националниот парк и Планот за управување во идеален случај би требало да стават крај на овие отворени прашања, што не значи дека проблемите ќе згаснат со донесување на законот. Идното тело за управување ќе има многу работа на контрола на овие појави, едукација на населението и овозможување на активности кои ќе имаат придобивки од воспоставената заштита“, посочуваат во МЕД.

Од невладината организација „Еко Герила“ бараат Шар Планина што поскоро да стане национален парк и да ја добие соодветната законска рамка за заштита. Сепак, тетовските екологисти сакаат и одговорност од институциите кои издаваа концесии за мали хидроцентрали.

„Не можеме едноставно да замижиме и да кажеме заштитата почнува од сега, а тоа што било досега е во ред“, вели Нгадњим Мемети од „Еко Герила“. Посочува дека сакаат да ја имаат на увид сета документација за доделувањето на концесиите, особено Студиите за оценка на влијанието врз животната средина, чија законитост ќе ја проверуваат експерти.

„На Шар Планина, освен хидромафијата постојат уште две сериозни закани, тоа е нелагалната сеча на дрвја и криволовците. Од досегашното искуство многу е вероја

тно тие дека ќе останат проблем и во иднина, доколку конечно не се воведе силна контрола и строги казни. Но, казни кои навистина ќе се изрекуваат и ќе ги засегнат прекршителите на законите. Се друго ќе биде само попма, без вистински ефект“, вели Мемети.

Постапката за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во моментов се наоѓа во фазата на јавните расправи, кои беа одложени заради зголемената бројка од заболени од ковид-19. Во Министерството за животна средина велат дека во моментот ги дефинираат начините на кои ќе се организираат новите јавни расправи, а најверојатно ќе се комбинираат повеќе начини на комуникација со јавноста, за да се одбегне опасноста од собирање на поголема група луѓе во затворен простор.

„Се консултираме како да се слушне засегнатата јавност, со цел различните целни групи да бидат точно информирани, контактирани и да ги искажат јавно своите забелешки и коментари. Најверојатно, ќе бидат искористени различни алатки, бидејќи за ова прашање постои голем интерес на јавноста по различни аспекти на темата кои неминовно бараат и различен пристап при изборот на комуникациските канали и алатки“, велат во Министерството, но не посочуваат кога ќе се одржат јавните расправи и дали ќе останат четири или бројот ќе биде поголем.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ