УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Тешко време за фактите и вистината. Македонските граѓанки и граѓани се растргнати меѓу пропагандата и точните информации, теориите на заговорот и вистинските настани. На Мицкоски и неговиот гротескен политички ентураж им е важна само власта. Овие денови покажаа незнаење, а уште повеќе ароганција, опиени од трескавичната потреба да се доберат до власт., пишува Џабир Дерала во новиот едиторијал „ Среде заглушувачката врева од испуканите балони “
Не е првпат во историјата на македонската демократија прогнозата за тоа каква ќе биде политичката разврска во некаков догледен период да ги прави астролошките хороскопски предвидувања да изгледаат како добро втемелена научна дисциплина. Во чија политичка корист ќе се наредат лидерските ѕвезди и нивните коалициски соѕвездија? Впрочем, за тоа сите денес ќе беседат…, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Дојди зло, оти без тебе уште позло!“.
ЦИВИЛ со осуда на секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин
ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, која во континуитет спроведува мониторинг на општествените и политичките процеси, како и на дезинформациите и говорот на омразата. Организацијата остро го осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат дезинформации и говор на омразата преку онлајн Граѓанска пријава, како и во директна комуникација со организацијата.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
ОДБРАНА: Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД, Кејт Брнз денеска ќе се обратат на свеченоста по повод започнувањето на обуката на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, армиската НАТО единица, со американски инструктори од 4-тата Бригада за поддршка на безбедносните сили во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
ПРАВДА: Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница треба да донесе одлукa за определување вршител на должност – претседател на Основниот кривичен суд Скопје.
КУЛТУРА: Во Младинскиот културен центар во Скопје вечер премиерно ќе биде одиграна театарската претстава „Мајсторот за спомени“. Станува збор за авторска претстава на Јане Спасиќ, во продукција на независното театарско здружение Артопија.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев