Г -ѓа Амина Шемсовиќ дипломирала (Универзитет во Нови Пазар) и магистер (Универзитет во Крагуевац) по англиски јазик и литература. Нејзиниот граѓански актививизам ја обезбеди со стипендија за Европската регионална магистерска програма за демократија и човекови права (заедничка диплома) на Универзитетот во Болоња и Универзитетот во Сараево. По дипломирањето во 2016 година, таа стекна долгогодишно искуство во областа на човековите права преку бројни програми за обука, проекти и летни школи. Во 2018 година, таа беше наградена со стипендија во Канцеларијата на високиот комесар за човекови права. Како претставник на бошњачкото и муслиманското малцинство во Србија, таа помина еден месец во Женева, каде што учествуваше во неколку тела на ОН, вклучувајќи ја и 11 -та сесија на Форумот за малцински прашања. Амина Шемсовиќ придонесе за Европскиот извештај за исламофобија за 2018 и 2019 година со своето поглавје за Црна Гора.
Шемсовиќ се осврнува на порастот расизмот, национализмот, говорот на омраза и злосторствата од омраза предиизвикани од се почестите хибридни напади.
„Од перспектива на истражувач и тоа како некој што говори од Србија и српскиот контекст, имаме добар правен контекст и правна рамка. За жал, тоа го немаме во пракса. Така, да, се разбира, хибридните напади се доста присутни особено при огромниот раст на расизмот, национализмот, говорот на омраза, злосторствата од омраза. Сепак, за жал, кога ќе видите дека на хартија сѐ изгледа добро, сѐ може да се гони, но во пракса многу малку случаи ја доживеале сојата завршница и го добиле своето право на правда, особено кога се зборува за малцинствата, зборувајќи за етнички, верски, национални малцинства. Според нашето искуство, кога зборуваме за медиуми, особено во медиумскиот пејзаж, можам да кажам дека, за жал, последната година, 2020 година, не сум ги видела случаите што ја добија правдата на суд и тоа е жално. Мислам, можеби сте се чуле на вести дека Србија, според Фридом хаус извештајот, веќе не се смета за демократија, нели. Исто така, треба малку да зборуваме за овие проблеми кои за жал се сметаат за помали од проблемите што ги имавме периодов и за кои се има многу погоемо разбирање, а потоа кога ние активистите всушност зборуваме за хибридни напади, не се сметаме за сериозни…“, посочува Шемсовиќ.
„Би сакала да додадам пример како пред две години имавме случај со локален новинар кој ја истражуваше локалната корупција и беше нападнат. Беше жртва на неколку напади, но секако не беше сфатен сериозно и сѐ заврши со навистина огромен инцидент кога неговата куќа беше запалена. Се разбира, лицето што го стори делото никогаш не беше фатено, па дури и сѐ што заврши до политичката сфера заврши, но, се разбира, во судот е штама, две години подоцна ништо не се реши. Се разбира, кога зборуваме за особено новинари, новинарската професија повеќе не се смета за безбедна професија во Србија.“, додава Шемсовиќ на крајот од своето обраќање на Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права“, што се одржа на 28 јули, 2021 во Скопје.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Огнен Бошњаковски