• Latest
Марина Шкрабало, Солидарна, Република Хрватска

Шкрабало: Валканата игра на црната пропаганда е тука за да остане, мора добро да се припремиме и заштитиме

July 7, 2021
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Шкрабало: Валканата игра на црната пропаганда е тука за да остане, мора добро да се припремиме и заштитиме

July 7, 2021 15:33
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Марина Шкрабало, Солидарна, Република Хрватска

Марина Шкрабало, Солидарна, Република Хрватска

Share on FacebookShare on Twitter

„Од една страна мојот впечаток е дека сите станавме свесни дека не можеме да се залажуваме дека дезинформациските кампањи кои се стратешки, тактички, политички и економски мотивирани кампањи кои играат со „ниски удари“, кои изразито ги искористуваат лошата регулација и уште полошиот мониторинг на просторот од медиумите, каде сите институции каскаат позади дигитализацијата на која сме сега изразито изложени.“, вели Марина Шкрабало од „Солидарна“, Република Хрватска, на денешната панел дискусија на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанското општество“.

Таа истакна дека оваа валкана игра ќе остане, и додава дека на нас е подобро да се припремиме и заштитиме и притоа да бидеме реални со кој капацитет располагаат независните новинари, активистите и прогресивните граѓаните кои се мета на црната пропаганда.

„Главната мета не се новинарите, туку демократијата и концептот на демократијата. Тие сакаат да го отсечат концептот на демокртатијата кој се темели на човековите права и на концептот на различностите, а не на хомогеноста.“, потенцира Шкрабало.

Марина наведе неколку примери низ кои треба да им се покаже на граѓаните што значи поддршка, што значи – нам ни е грижа за животите на сите вас и да се раскажуваат приказни за тоа колку млади луѓе не се убиле затоа што постојат ЛГБТ организации и колку луѓе не се отселиле зашто можат да се чувствуваат како субјекти, како креативни агенти, зашто нашле простор за културно изразување, кои во спротивно, тие уметници би заминале во странство.

„Мора да се обидеме тоа да го спроведеме во конкретен инпакт и тоа да се комуницира континуирано и да се води сметка за тоа дека во многу сиромашните општества во кои луѓето се ужасно исфрустрирани и реагрираат цинично на сè што е „шуплива приказна“. Ние во Солидарна, научивме дека огромниот труд што го вложуваме во хуманитарни работи, треба да го пласираме на јазикот со кој тие луѓе ќе нè разберат.“, рече Шкрабало.

Шкрабало вели дека постојат дилеми и за тоа кога и како тактички да се постапи со црната пропаганда, дали нештата да се демантираат, да се покренуваат постапки или да се игнорираат.

„Окупацијата на правосудството каде сè уште се фабрикуваат лажни постапки, создавањето шум во јавноста за да се добие перцепција дека сите само се тужат итн. сето тоа е навистина многу лизгав терен и она што ни е нам важно се меѓусебните консултации, добро да се поврземе, да созадаваме капацитети за стратешки одговор, а тоа значи добри сојузи со адвокати, со правобранителство, помеѓу активисти и новинари, тактичка размена на информации и да сме свесни за тоа дека „тие се тука за да останат“, заврши Шкрабало.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ