• Latest
РАСПОН НА ВНИМАНИЕ Човек: 8 секунди, златна рипка: 9 секунди

ШОКАНТНО! Прочитајте што има под насловот

October 12, 2023

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

ШОКАНТНО! Прочитајте што има под насловот

Злокобниот Запад во вакцините вградил чипови за заглупавување на светската популација... Или не? ТРАГИЧНО Е КОЛКУ СЕ НЕПИСМЕНИ ЛУЃЕТО! Осум од десет луѓе се „информираат“ само од наслови, но многумина од нив и тоа го прават погрешно.

October 12, 2023 09:03
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ЕДИТОРИЈАЛ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
РАСПОН НА ВНИМАНИЕ Човек: 8 секунди, златна рипка: 9 секунди

РАСПОН НА ВНИМАНИЕ Човек: 8 секунди, златна рипка: 9 секунди

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Многу ретко читам коментари на социјалните мрежи. Всушност, тоа не се коментари, туку се исечоци од претходно креирани ставови и предрасуди (и тоа во најдобар случај) или се чисто тролање. Голем број од коментарите се простачки, вулгарни и насилни. Што е најтрагично – не значат ништо и немаат врска со содржината која се коментира. Со еден збор – глупост.

Многу е смешно кога ќе објавите текст или видео за чие читање или гледање се потребни повеќе од една минута, а реакциите стигнуваат веќе во првите 10-15 секунди, а често и во првите пет секунди. Имаше еден период кога на секое наше видео на Јутуб, само што ќе го објавиме, се појавуваше dislike (не ми се допаѓа). Тоа беше многу забавно, да се види колку се ревносни  троловите задолжени да нè напаѓаат. Несомнено, оваа ситуација е уште поочигледна на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер (Екс).

Сигурно сте забележале дека, веќе со години, на социјалните мрежи масовно се користи и емотиконот „хе-хе“, кој пропагандистите и троловите го користат за да дискредитираат некоја објава. Кој ли е тој психо дрил ни кој поминуваат? Веројатно го имаат, бидејќи изгледа како да се најмалку на половина пат да станат зомби или нешто слично.

Накратко, изгледа како луѓето да ја изгубиле желбата да бидат информирани, туку само да си ги потврдуваат своите предрасуди. Се разбира, чест на исклучоците. Ретките исклучоци.

Зошто е тоа така? Ќе се обидам да дадам одговор барем на еден дел од ова прашање.

Веќе одамна е познато дека луѓето не читаат текстови, туку само наслови. Поразителен е процентот на луѓе кои, едноставно, читаат наслов и продолжуваат понатаму со животот. Или вегетирање, ако сакате. Можете да ставите рецепт за торта под насловот и тоа нема да го забележи огромно мнозинство од читателите. За жал.

Истражувањата покажуваат дека само двајца од десет луѓе читаат што има под насловот, односно кликнуваат на линковите од текстовите чии наслови ги заинтересирале. И тоа не е сè. Експертите предупредуваат дека бројот на луѓето што не гледаат подалеку од носот, пардон, не читаат повеќе од наслови, може да е и повисок, бидејќи не сите признаваат дека не читаат што пишува под насловите, дури и да кликнат под насловот.

Еден од начините да се справат со овој проблем, за редакциите е да стават што повеќе информации во самиот наслов. Тоа им е сеедно на сензационалистичките и пропагандистичките медиуми, бидејќи тие и онака не се грижат многу за содржината на вестите, туку само за насловите. Насловите кај нив често кажуваат едно, а текстовите нешто сосема друго. Но тоа најмалку им е важно на оние што и онака не сакаат да бидат информирани, туку само да си ги потврдат своите предубедувања.

Тоа не е сè, бидејќи и читањето на насловите полека заминува во минатото. Голем дел од луѓето не ги дочитуваат ни насловите! Реакциите на социјалните мрежи покажуваат дека насловите се читаат само делумно или воопшто не допираат до когнитивниот апарат кај голем дел од публиката.

Трагично е да се гледа колку луѓето се неписмени. Едноставно, не го разбираат и она малку што го читаат. Искрено, мислам дека зборот трагично употребен во претходната реченица не е претеран, бидејќи недоразбирањата често предизвикуваат трагични последици. Како тоа? Мора да се Ковид вакцините! Злокобниот Запад вградил чипови за заглупавување на светската популација.

Шегата настрана, изгледа дека, сепак, луѓето престанаа да читаат и наслови, туку само ловат клучни зборови во насловите и тоа само оние зборови што им ги потврдуваат нивните претходно изградени ставови, односно предрасуди и стереотипи.

На што се должи ова? Веројатно, една од причините е распонот на внимание на луѓето. Научниците утврдиле дека во 2000 година, просечниот распон на вниманието на луѓето бил 12 секунди. Застрашувачки кратко, ќе речете. Чекајте, не се возбудувајте премногу.

Просечниот распон на вниманието на луѓето во 2023 година е осум секунди. Осум секунди!

Знаете ли колку е просечниот распон на вниманието на златната рипка? Сега можете да се возбудите.

Просечниот распон на вниманието на златната рипка е – девет секунди. Добро прочитавте – златната рипка може да го задржи своето внимание за цела една секунда подолго отколку човекот.

Тоа е една од причините, велат научниците, зошто луѓето не читаат што има под насловот. Тие сметаат дека нивното време е премногу драгоцено и дека нема потреба да прочитаат повеќе. Доволно им е само да си ги потврдат однапред формираните ставови. Тие не сакаат да ја менуваат својата еднаш воспоставена претстава за светот, колку и да е таа рудиментарна (да не употребам потежок збор). Така, имате дури и несвесно ширење на дезинформациите и на пропагандните наративи преполни со омраза. Но тоа не е оправдување, ни оддалеку.

Закопани во калливите ровови на предрасудите, на луѓето (голем дел од нив) доволно им е да уловат збор-два од насловите што се совпаѓаат со нивните предубедувања. И го шират како такво – без целосна информација, без вистинско восприемање и размислување за информациите.

Зачудувачки е како луѓето си даваат толку време да коментираат на социјалните мрежи и да ги носат своите заблуди, незнаење и простотилак дома, на работа, на улица и во кафеана – а не сакаат да потрошат само неколку минути за да се информираат прописно и релевантно.

Среде таа масовна ментална, морална и интелектуална ерозија, не е ни чудо што општеството е заплеткано во пајажината на дезинформациите и пропагандата. На голем дел од медиумските газди и на новинарската фела ѝ е сеедно, сè додека имаат публика и таа публика (статистиките на видливост и влијание) да ја продаваат на своите спонзори и од тоа богато да живеат. На центрите на моќта им е сеедно дали публиката на медиумите кои ги спонзорираат е глупава или не. Поточно, подобро е ако луѓето се глупави, затоа што така полесно ќе ги проголтаат лагите за тоа што им се нуди – нека се тоа комерцијални производи или идеи и идеологија (пропаганда).

Текстот е личен став на Авторот.
Tags: дезинфомрациизлатна рипкараспон на вниманиетролови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ