• Latest
Фото: Архива

Шолц најави нова динамика во евроинтеграцијата на Западен Балкан, без попречувања од билатерални спорови

March 28, 2024
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шолц најави нова динамика во евроинтеграцијата на Западен Балкан, без попречувања од билатерални спорови

March 28, 2024 07:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Архива

Фото: Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека силно се залага за забрзување на процесот за влез на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но дека сите што се надеваат на членство во ЕУ мора да бидат свесни дека тоа не е геополитичка одлука, туку процес кој е поврзан со конкретни реформски чекори.

Тој појасни дека тоа се однесува на решавање на билатерални спорови кои претставуваат пречка, се вели во  транскриптот од прес-конференцијата на Шолц со словенечкиот премиер Роберт Голоб, објавен на веб-страницата на германскиот канцелар.

– Ова се однесува, на пример, на прашањето како да се внесе живост во процесот со Северна Македонија, а да не го попречуваат спорови меѓу земјите-членки. Тоа важи и за прашањето Србија-Косово, а секако и за прашањето како да се продолжи со Босна и Херцеговина, објасни Шолц.

Тој додаде дека ЕУ сега нема само да стои настрана како набљудувач, туку конкретно ќе се обиде да постигне напредок во неопходните реформи во БиХ.

– За сите кои се надеваат на членство во ЕУ, важи дека тоа не е процес на одлучување заснован на геополитика, туку процес кој секогаш е поврзан со конкретни реформски чекори. Ова важи за земјите од Западен Балкан, а се однесува сосема конкретно и за Молдавија, Украина и Грузија. И сите ќе помогнеме да се постигне напредок што е можно побрзо, рече Шолц.

Германскиот канцелар оцени и дека Берлинскиот процес, кој го воспостави неговата претходничка Ангела Меркел, се потврди како инструмент за зајакнување на конкретната соработка на Западен Балкан и најави дека оваа соработка ќе се интензивира за да се постигне напредок во целиот регион.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб му се заблагодари на Шолц „што имал слух и помогнал да се направи пробој во Европскиот совет кога станува збор за проширувањето на Западен Балкан“.

– Мислам дека канцеларот веднаш увиде колку е важно тие земји да станат членки на ЕУ, сите земји од Западен Балкан да се најдат на патот кон Европа. И кога ги убедуваше другите држави во Европскиот совет, и оние кои беа скептични, канцеларот одигра важна улога, и за тоа сите ние од Западен Балкан треба да му бидеме благодарни, рече Голоб.

Tags: ЕУЗападен БалканШолц
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ