• Latest
Фото: Окно.мк

Што е култура (1)

December 15, 2023
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home КУЛТУРА

Што е култура (1)

December 15, 2023 09:45
in КУЛТУРА
Фото: Окно.мк

Фото: Окно.мк

Share on FacebookShare on Twitter

НИКОЛА ГЕЛЕВСКИ/Окно

Пред дваесетина години интензивно читав теориски книги за културата и културните политики. Тогаш и преку невладиниот сектор, мала група луѓе околу здружението Контрапункт и културниот центар Точка, се обидувавме да влијаеме на донесувањето на овдешните културни стратегии. Главни советници ни беа Милена Драгичевиќ Шешиќ, Вјеран Катунариќ и Сањин Драгојевиќ. Вјеран и Сањин починаа, последнава година. Тие беа дел од луѓето кои во тоа време ја создадоа одличната, инспиративна хрватска стратегија за културен развој.

Поттикнат од смртта на двајцата пријатели и сјајни теоретичари на културата, по фолдерите најдов некои свои белешки, од тоа време, под наслов „Што е култура“. Станува збор баш за белешки, текстуален колаж составен од цитати и мои коментари. Решив да објавам дел од тие белешки, овде на Окно, после толку време.

Во меѓувреме сфатив дека во современиот свет културата веќе не може да се издвои како посебно подрачје, оти е интегрален и нераздвоив дел од општествениот и индивидуалниот живот. И дека не постои начин да се воспостави објективен суд за културата зашто таа е условена од контекстот во кој настанува. Затоа и културните студии бегаат од дисциплинарните рамки и често се нарекуваат „трансдисциплина“ или „недисциплинирана дисциплина“ која спојува различни методологии и теми на традиционалните дисциплини, антропологија, филозофија, лингвистика, политокологија, психологија, книжевност итн.

Веројатно тоа и ме привлекло кон културните студии: хибридноста на секоја култура. „Културните хибриди не се чудовишни споеви врз неспоиво, насилно сечење на делови и калемење нови, туку речиси органско, но секогаш привремено и нестабилно спојување на различни елементи“ (Јелена Ѓорѓевиќ, Културни студии, зборник, 2007).

И уште една работа издвојувам од предговорот на посочениот зборник, прашањето на идентитетот:

„Заедничкиот подтекст на сите области на културните студии е поврзан со прашањето на идентитетот. Во современиот свет идентитетот секогаш е прекршен, испресечен по различните оски на припаѓање. Луѓето припаѓаат на одреден род, нација, јазична група, професија, семејство, од каде што добиваат дел од својот идентитет. Идентитетот не може да се сведе и дефинира на прост збир од различни припадности. Класниот, расниот и родниот идентитет меѓусебно се преплетуваат, а во нив се впишуваат значења, религиската припадност, сексуалната ориентација, образовното ниво, одредени ситуации или историски настани. (…) Идентитетите лебдат помеѓу различни култури и традиции, непрестајно судирајќи се, прекршувајќи се и умножувајќи се.“

Што е култура, неколку дефиниции

Зборот „култура“ има латинско потекло. Значи земјоделие, одгледување, облагородување. Во најширока смисла значи преработка и усовршување на нешто, некоја градба, некој материјал, за одредена цел. Во потесна смисла културата значи остварување на хуманите вредности во човекот и во неговите дела. Таа едновремено значи и акт, творечки процес, и она што со тој процес е создадено.

***

Поимот култура значи (1) општ процес на цивилизирање, во смисла на самоиздигнување и образување; (2) верување, практика и начин на живот кој разликува некоја етничка група или некое општество од другите, како и општествените слоеви, подгрупите на младите, професиите итн. и (3) дела и пракса на интелектуалната, посебно уметничката активност. (Рејмонд Вилијамс, 1983)

***

Културата воопштено може да се сведе на склоп од вредности, обичаи, верувања и практики кои го сочинуваат начинот на живот на соодветна група. Тоа е „сложена целина“ ‒ како што антропологот Е. Б. Тејлор вели во својата славна книга Примитивна култура (1871) ‒ „која ги вклучува знаењето, верувањата, уметноста, моралот, законите, обичаите и сите други способности и навики што човекот ги стекнал како член на општеството“.

Може да се каже и вака: култура е сè што не е генетски преносливо. Тоа го подразбира верувањето дека човечките суштества се она што го учат.

***

Културата е некаков пејсаж на меми, не на гени, доколку го прифатиме фамозниот збор на Ричард Докинс.

Но, постои и духовитата досетка на Едуар Ерио: „Култура, тоа е она што останува кога сè ќе заборавиме.“

Што културата не е

Културата не е одреден збир сознанија, дури ни една целина од сознанија, не е префинето образование, завршено усовршување, висока специјализација, снобизам за научниците или книжевно образованите; не е луксуз на мислите, украс на општеството на изобилието, бегство, култ за себе, област резервирана за привилегираните; не е монопол во кој државата едновремено би била и судија и дел од неа, одраз на состојбата на свеста на една класа или маса, потрошувачки производ на културните индустрии.

Културата одбива да се препушти и да биде покорена. Она што ја понижува, што ја подмитува, што ја обесчестува, наполно ѝ е туѓо. Таа не им припаѓа на клановите, ни на јавните власти, ни на трговците на капиталистичкото општество.

Ни книжевноста, уметноста, ниту науките, редум, не би можеле да ја задржат само за себе. Без слобода, таа исчезнува. Без расположливо слободно време, таа се гаси. (Луј Доло, Индивидуалната и масовната култура, 1999)

***

Културата, значи – во една можеби малку застарена или идеалистичка смисла – може да се дефинира како: незаинтересирано трагање, грижа за автентичноста, стремеж кон универзалното, надминување на себе самиот, потреба за учество, барање префинетост, пробој, креативност, надеж во повисоко постоење.

Контракултура

И уште една важна работа: зборот култура етимолошки значи одгледување, негување, облагородување, и поврзан е со земјоделието. И денес се користи во таа област, како и во биотехнологијата, една од најважните научни дисциплини во моментов, мошне поврзана со идните проекции за човештвото. Мислам на технологијата на култивирање клонови, на генетскиот инженеринг. Ова го спомнувам не за да отворам нова непрегледна дискусија за сите можни импликации на новите научни продори, туку да обрнам внимание на еден важен аспект на прашањето за културата: контракултурата.

Мислам дека е важно, во светлината на тој униформирачки, или дури тоталитаризирачки, аспект на зборот култура (редици еднакви, предвидливи и супер контролирани единки), да имаме слух ‒ особено при исцртувањето на стратешките точки на некоја идна културно-општествена мапа ‒ за она што во дваесеттиот век се нарекуваше контракултура, субкултура, андерграунд итн. Кон напнатоста што ја содржи зборот треба да се биде внимателен, т.е. да се стреми потенцијалноста на зборот „култура“ и понатаму да се одржува, и низ свеста за комплексноста на заедниците што формираат култури (и обратно), и низ политиката што ги регулира односите меѓу заедниците и културите.

Стрип кадри: Maurice Whitman (1922 – 1983)                                  

Tags: винтиџ стрипКУЛТУРАкултурни теории
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ