• Latest
Скриншот од видео

Што порача Руте, и на кого?

March 3, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Што порача Руте, и на кого?

March 3, 2026 20:11
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Скриншот од видео

Скриншот од видео

Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секратар на НАТО, Марк Руте, при посетата на земјава, порача дека НАТО ќе ја брани секоја педа од својата територија и нема да дозволи појавување на безбедносен вакуум во регионот. Во врска со  нападите на САД, како земја-членка на НАТО, врз Иран и можната реакција на Алијансата доколку состојбата ескалира, тој двапати потенцираше дека НАТО не е инволвирано во конфликтот.

„Но, да бидеме апсолутно јасни што се случува. Иран е се поблиску до можност да ги употреби своите нуклеарни и балистички способности, што не е закана само за регионот на Блискиот Исток и закана за Израел, туку претставува закана и за нас тука, во Европа. Повторно, НАТО не е инволвирано. Можам да ве уверам дека НАТО ќе го одбрани секој сантиметар од територијата на НАТО“, потенцираше генералниот секретар на НАТО.

Руте за време на посетата се сретна со државниот врв,  претседателката Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, и имаше обраќање во парламентот.

Руте ја пофали Македонија дека е клучна за осигурување на заедничката безбедност во Источното крило на НАТО, но и во регионот на Западниот Балкан, кој според него е од стратешки интерес на Алијансата. Ја пофали земјата и за издвојување на два процента од БДП за одбраната, за што рече дека е добра основа за достигнување на пет проценти за одбраната до 2035 година.

Истовремено, Руте во обраќањето пред пратениците, не заборави да упати благодарност до Радмила Шеќеринска нарекувајќи ја „одличен избор“ за функцијата заменик генерален секретар во НАТО , порачувајќи дека „со особена гордост соработува со неа“ .

Руте изјавата ја даде откако претходно, на маргините на минхенската конференција, заменик-генаралната секретарка на НАТО, Радмила Шеќеринска беше навредувана и критикувана неаргументирано, со понижувачки тонови и со етикетирање од српскиот претседател Александар Вучиќ кој  ја поврза Шекеринска со „сецесија“ на дел од територијата на Србија, алудирајќи на Косово. Изјавата на Вуќиќ наиде на различни реакции кај партиите од владејачката гарнитура и опозицијата во земјава.

Руте голем дел од своето обраќање во Собранието посвети на Украина, при што порача дека сојузниците се со нас секогаш кога ќе се соочиме со опасен и насилен свет, посочувајќи ги директно Русија, Кина и Иран, додека осврнувајќи се на агресијата на Русија врз Украина, дека рече кога војната ќе заврши мора да се обезбеди дека мирот ќе биде оддржлив и Украина за тоа да добие гаранции, со порака  дека „безбедноста на Украина е наша безбедност“,

Пораките на Руте со осуда на руската агресија врз Украина дојдоа истовремено додека пратениците на про руската партија Левица, која за цело време на руската агресија врз Украина се на страната на државата агресор, патувајќи на релација Скопје-Москва, и беа неизбежен декор на настаните организирани од руската амбасада во земјава, раширија платно на кое имаше порака: НАТО убива за профит! .

Д. Мишев

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ